30 Април, 2024
0.0530

10 причини зошто твојот глас е важен и зошто „Не е до нив, до тебе е“

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Во современото општество, гласачкото тело е основен столб во конструкцијата на демократска држава, затоа што секој глас е вреден, секој глас прави промена и учествува во крајната одлука. Иднината е во рацете на сите нас и заедно носиме одлуки за подобро утре.

Има премногу причини, зошто е важно секој од нас да го даде својот глас. Гласањето е твојата најважна граѓанска обврска и кога гласаш, ја заокружуваш идејата што се совпаѓа со твоето мислење, а твоето мислење е важно. Заокружи, бидејќи „Не е до нив, до тебе е“.

1.  Не е до нив, до тебе е, затоа што со твојот глас го е твоето средство за изразување на твоите убедувања и очекувања и тоа го прави твојот глас уникатен и важен, бидејќи никој друг не може да го замени твоето мислење.

2.  Не е до нив, до тебе е, ако не учествуваш во демократскиот процес. Секој глас е дел од демократскиот процес, твоја обврска е да бидеш свесен граѓанин и да го одбраниш достоинството на демократијата. Твојот глас има влијание врз изборот на претставници и на политичките одлуки.

3.  Не е до нив, до тебе е, ако не ја искористиш твојата супер моќ - твоето право на глас. Гласањето те прави супер херој кој е пример за другите, затоа што знаеш како да ги заштитиш своите права. Гласај, искористи ја твојата моќ свесно и одговорно.

4.  Не е до нив, до тебе е ако не влијаеш врз креирањето на јавните политики. Твојот глас прави разлика и за тебе, но и за останатите, затоа што има големо влијание во формирањето на јавните политики и програми кои се важни сите граѓани и кои одговараат на потребите на заедницата.

5.  Не е до нив, до тебе е ако не учествуваш во борбата против неправда и дискриминација. Гласањето е единствениот начин со кој можеш да се избориш за општество, во кое нема неправда и дискриминација. Со твојот глас, секој од нас е чекор поблиску до еднаквност и рамноправност.

6.  Не е до нив, до тебе е доколку не ги знаеш потребите на заедницата. Гласањето е начин да се поврзеш со заедницата, да дознаеш какви потреби и грижи имаат останатите, да го споделиш твоето искуство и заедно да го изберете најдоброто за сите.

7.  Не е до нив, до тебе е ако не си инспирација за другите. Твојот глас, дефинитивно може да биде инспирација за и останатите да се вклучат во демократскиот процес. Твојот пример може да ги мотивира другите граѓани да го изразат нивниот став и да гласаат.

8.  Не е до нив, до тебе е, ако не создадеш услови за подобра иднина. Твојот глас, ќе помогне во подобрување на условите и можностите за новите генерации. Со твојот глас, ќе учествуваш во процесот на создавање свесни и одговорни генерации.

9.  Не е до нив, до тебе е ако не си доволно храбар да го кажеш твојот став. Твојот глас е твој став, охрабри ја својата одлука, заврти нова страна и биди храбар граѓанин, кој знае што сака. Гласај.

10.  Не е до нив, до тебе е ако не застанеш гордо зад параванот, затоа што зад параван одиме кога одлучуваме, а не кога сме незадоволни. Искористи ја вистинската намена на параванот, тајно оствари го твоето право на глас и биди пример за јавноста.

Секој глас има еднаква моќ - да насочи, подобри, задржи или промени. „Не е до нив, до тебе е“, затоа што твојот глас има влијание, ГЛАСАЈ !

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024