19 Мај, 2024
0.0344

10 дена убав филм на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

ИФФК „Браќа Манаки“  и официјалниот партнер - Вип оператор денес објавија дека годинава Интернационалниот фестивал на филмска камера  „Браќа Манаки“ќе се одржиод 18 до 27 септември.  Наместо седум,фестивалот ќе трае десет дена со збогатена програма. Директорот на фестивалот, Димитар Николов,ги истакна новите програмишто ќе бидат вклучени во Фестивалот. Станува збор за „Нов европски филм“ и „SЕЕ Camera“.

-Реномето на фестивалот „Браќа Манаки“ ме мотивираше да создадам програма која само ќе го прави уште подобар, позначаен и модерно ориентиран. Фестивалот секако ќе си ја задржи својата основна линија – да ја промовира работата на „малите, незабележливите “ луѓе што стојат зад камерата. Фестивалот ќе трае десет дена, затоа што тоа е праксата на сите светски фестивали, а „Браќа Манаки“ не е ништо помалку од тоа. Фестивалот, освен со веќе постоечките и препознатливи програми, ќе го збогатиме со две нови програми. Станува збор за: „Нов европски филм“ и „Sее Camera“.  Програмата„Нов европски филм“ ја воведуваме со цел да привлечеме млади филмски автори кои своите први филмови би ги прикажале премиерно, а на фестивалот би му овозможиле нови можности за финансирање од европските фондови, како и побрза категоризација. За оваа програма ќе се грижи селекторот Дејан Трајкоски. Со програмата „SEE Camera“сакаме да ја промовираме работата на авторите и кинематографите од Југоисточна Европа, а за неа ќе се погрижи Саша Станишиќ– изјави Николов.

На оваа конференција за печат беше објавено и продолжувањето на успешната соработка со официјалниот партнер на Фестивалот - Вип оператор, компанија која по шести пат се вклучува во поддршката на Интернационалниот фестивал за филмска камера  „Браќа Манаки“, и придонесува во унапредувањето на филмската култура во земјава.

-  Ми претставува особено задоволство што годинава, по шести пат, го објавуваме продолжувањето на нашето партнерство со најреномираниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Нашата соработка прерасна во традиција од која ползуваат сите љубители на филмската уметност. Она што на сите нам во Вип ни е особено драго е што како резултат на нашето партнерство, во рамките на фестивалот, ја создадовме Вип детската програма,какои бројните работилници, со цел да им ги доближиме убавините на филмот поблиску на најмладите, и од нив да создадеме пасионирани креативци. И овој пат продолжуваме со истиот елан,и сигурни сме дека годинава ќе имаме уште едно успешно издание на ИФФК Браќа Манаки, изјави Симона Стефоска - Дуковска, раководител на Одделот за маркетинг комуникации и истражување на пазарот во Вип оператор.

Беа промовирани и логото и мотото на фестивалот. Мотото на фестивалот годинава е „Филмот е убав“ (FilmIsBeautiful). Фестивалот го претстави и создавањето на интернет-страницата www.manaki.mk

Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ се одржува секоја година во Битола, организиран е од Друштвото на филмските професионалци на Република Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, како и со поддршка наМинистерството за култура, Агенцијата за филм на Македонија и Општина Битола. Официјален партнер е Вип оператор. Стожер на фестивалската програма е категоријата„Камера 300“ – официјалниот натпревар на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО