18 Мај, 2024
0.0286

Првото коло ЛОТО 7, докажа дека новата игра нуди поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Извлекувањето на првото коло од новата игра на среќа ЛОТО 7, донесе бројни изненадувања

  • Извлеченото црвено топче ги удвои добивките за 4, 5 и 6 погодоци
  • За прв пат во лото историјата 6ката донесе над 1. 200.000 денари
  • За прв пат добитници на 5ка ќе освојат над 6.000 денари
  • За прв пат 4ките вредат по 400 денари

25.04.2019, Скопје. Вчера се одржа најавуваното прво коло од новата игра на среќа ЛОТО 7, на Државна лотарија. Играчите и пошироката публика на Канал5 кои ја следеа ТВ емисијата, можеа да уживаат во комплетно новиот свеж изглед на лото студиото и интересните ТВ прикази на добивките во реално време. Доживувањето беше комплетното со оригиналната музика компонирана од композиторот Кокан Димушевски, како и со бројните видео и аудио ефекти. 

Играчите кои учествуваа во првото коло имаа динамично и возбудливо 10минутно Тв шоу со нова енергија, во кое адреналинот растеше со очекувањето на црвеното топче. Паѓањето на ова црвено топче, значеше двојно поголема радост за сите чии броеви беа извлечени во категориите за 6, 5 и 4 погодоци.

ЛОТО 7 ги оправда очекувањата, како и симболиката на слоганот -  Под среќна звезда.

Во првото коло ЛОТО 7, ѕвезда на вечерта беше црвеното топче. Благодарение на него, едната извлечена 6ка достигна вкупна вредност од над   1.219 621 денари. Како потсетување, во претходните девет години, од почетокот на приредување на лото играта на Државна лотарија (под името НовоЛото), највисоката добивка за 6 погодоци беше постигната во 2014та година и изнесуваше 343.011 денари. 

Изненадени беа и сите 67 добитници на 5ка, за кои добивката изнесува по 6.584 денари, а до сега највисоките 5тки не достигаа ни по 3.000 денари. Фиксната добивка за 4 погодоци се удвои и секоја поединечна 4ка, од вкупно извлечените 1 469 вреди по 400 денари.

Кај Џокерот кој од сега може да се игра самостојно, примамливата премија од над 70 000 евра, ќе ја очекуваме за наредно коло.

Во второто коло ЛОТО 7, 7ката очекуваме да достигне над 28.600.000 денари.

Со играта ЛОТО 7, забавната и возбудлива потрага по поголеми добивки ќе се одвива и понатаму секоја среда и сабота, од 20:00 часот, на Канал5 телевизија, со Марјана Станојковска, но од среда 24ти април, се чини дека дополнителна среќа на играчите додава и слоганот на играта -  ПОД СРЕЌНА ЅВЕЗДА.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата