12 Мај, 2024
0.0266

Прогноза: какви дивиденди може да очекуваме од македонските акции?

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

 Прогноза: какви дивиденди може да очекуваме од македонските акции?

„Фактор.мк“ за прв пат ќе направи обид да даде своја прогноза за дивиденди акции и за нивото на дивиденди што би ги исплатиле домашните компании. Оваа анализа е втемелена на историски податоци, на трендови, на корпоративните практики на компаниите таму каде што ги има и на неофицијални информации и на шпекулации во инвеститорската јавност. Оваа анализа е прв обид веројатно во досегашната македонска новинарска историја која третира корпоративни и акционерски информации. Воедно не претендираме да дадеме точни и конкретни бројки, но нашата цел е преку издржани тези основани на постоечки податоци да дадеме нивоа кои приближно би кореспондирале со дивидендите што домашните компании ќе ги поделат на своите акционери.

„Алкалоид“ најсилната и најпозната македонска фармацевтска компанија во македонската корпоративна историја е запишана како една од малкуте комапнии кои редовно со години наназад исплаќаат дивиденди на своите акционери. Со оглед на достапните историски податоци „Алкалоид“ секоја година дели дивиденда и за пристоен износ го зголемува износот на дивидендата што ја дели на акционерите. За 2016 година, со оглед на тоа што резултатите во работењето и добивката треба да се подобри од 2015 година (таков беше трендот во првите три квартали за 2016 година) може да се очекува дека на претстојното акционерско собрание ќе биде предложен и усвоен износ на дивиденда што ќе изнесува помеѓу 250 и 300 денари во бруто износ. Токму заради континуитетот во подобрување на резултатите и делењето повисоки дивиденди оваа акција е посакува стек во фондовите кај сите портфолио менаџери затоа што означува сигурен принос. 

„Комерцијална банка“ најголемата домашна банка ги стопли срцата на акционерите откако пред три дена објави дека добивката лани во споредба со 2015 година е зголемена за речиси 50 отсто. По подолга пауза оваа банка лани подели дивиденда на своите акционери од работењето во 2015 година. Износот на дивиденда беше стотина денари. Годината се очекува таа банка да подели поголем износ на дивиденда на своите акционери. Според билансот на успех нејзината добивка по акција е на ниво што надминува 340 денари. Со оглед на тоа дека банката историски гледано делела дивиденди во износи од околу 200 денари за акција, се очекува и дивидендата за лани да биде на износ што во бруто ќе надмине 200 денари. Ова е оптимистичка теза и се темели на тоа што на банката и треба засилување на позитивниот имиџ, а тоа веќе го прави во континуитет од две години со подобрување на финансиските резултати. Дополнително на ова во прилог на дивидендата „над 200“ се и наводите дека периодот на големи отписи помина заклучно со 2016 година и дека во иднина од тој аспект банката ќе има помал товар. Воедно за ваков износ секогаш се залагал и најголемиот акционер во банката. А сигурно дека ако има таков предлог поддршка ќе дадат и малите акционери.

„НЛБ Скопје“ една од големите банки која има најизразена нагорна линија во своето работење. Резултатите заклучно со третиот квартал 2016 година се извонредни, а во деловниот среднорочен план на банката има декларативна заложба за зголемување на износот на дивиденди ако тоа работењето и условите го дозволуваат. Со оглед на тоа дека за 2016 година банката доделинад 600 денари дивиденда и тоа го прави во континуитет, цените на таа акција на нашиот пазар веќе се одраз на силните очекувања на домашните акционери. Со оглед на тоа што резултатот за 2016 година ќе биде подобар од 2015 година, оптимистите очекуваат дивиденда во бруто износ што може да достигне, а дури и да надмине 900 денари.

„Стопанска банка Скопје“ оваа акција е најголемото освежување на нашиот пазар. Дивидендата што оваа банка ја подели на крајот на 2016 година е исто како првороденче на брачен пар што долги години очекува рожба. Нето износот од 143 денари за 2015 година е навистина силен мотив за нашите инвеститори. Со оглед на тоа дека банката во континуитет има раст на резултатите и дека годинава се очекува нето добивка од над 40 милиони евра, за многумина оваа акција и во јуни ќе биде добивка. Заради кратката историја на доделување на дивиденда, кај оваа акција предвидувањето не може во голема мера да се темели на фактографија туку на шпекулација. Многумина наши инвеститори анализирајќи ги деловните процеси во кои се наоѓа банката-мајка и потребата за ликвидни средства очекуваат „Стопанска банка“ да повтори и уште еднаш годинава да подели дивидена што во бруто износ ќе надмине 130 денари. Времето ќе покаже.

„Македонијатурист“ македонската компанија – трезор и оваа година треба да подели дивиденда заради тоа што и покрај малиот пад бележи солидни приходи и добивка. Со оглед на историските податоци не се очекува дека на бруто основа износот на дивиденда ќе надмине 250 денари. Единствен стимулатор за раст на дивидендата може да биде притисокот на менаџментот на пензискиот фонд на НЛБ кој инвестира во таа акција и очекува раст на добивката со тек на годините. Можеби годинава за прв пат може и тоа да се случи и големите поединечни акционери кои воедно се и менаџери да ги зголемат износите на дивиденда. Ако заради ништо друго тогаш само за да ги мотивираат бројните мали акционери – вработени на лојалност кон компанијата.

„Макпетрол“ гигантот во малопродажба на нафтени деривати годинава се разбуди од долгогодишниот сон, а можеби затоа што менаџментот се вознемири од најавата за понуда за превземање од една странска компанија. Повеќе од извесно е дека таа компанија ќе дели дивиденда и тоа во најголема мерка за да може менаџментот малку од малку да ја врати разнишаната доверба кај пумпашите-мали акционери. Иако е тешко да се процени зашто нема историски податоци и е неблагодарно да се прогнозира, сепак во шпекулативната зона , а врз основа на очекуваното ниво на добивка за 2016 година, се очекува дивидендат аво бруто износ да стигне до 1.200 денари по акција.

На листата дивиденди компании и годинава треба да се „Реплек“, „Гранит“, УСЈЕТТК банкаможеби Факом, и уште неколку други. Кај „Реплек“ очекувањата не надминуваат 3.000 денари во бруто износ, кај „Гранит“ нивото е дваесетина денари во бруто, УСЈЕ се очекува повторно да даде барем „две илјадарки“, а за ТТК банка не може да се предвиди. Значаен дел од инвеститорите веруваат дека Тетекс повторно ќе подели дивиденда и ќе ги зарадува своите акционери како што го прави тоа во изминативе две години. 


Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот