ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2023 19:35
Уапсена е поголема група педофили во Србија, a меѓу жртвите има деца на возраст од 3 до 14 години. Приведени се 10 луѓе.
Акцијата Аргамедон e спроведена на територија на цела Србија, а полицијата наведува дека станува збор за „група сексуални предатори кои злоупотребиле интернет и вршеле криминални дејствија на штета на девојчиња и момчиња“, пренесе РТС.
Меѓу уапсените има и повратници кои претходно биле уапсени за сексуална експлоатација на малолетници преку Интернет. Акцијата Армагедон започна во 2010 година на територијата на цела Србија, а има за цел сузбивање на експлоатација на малолетници за порнографски цели преку Интернет.
Армагедон е една од најдолгите полициски операции во Србија. Во неа досега се уапсени стотици луѓе.
Бројот на регистрирани педофили во Србија е 675, покажуваат најновите податоци на Управата за извршување на кривични санкции од август 2023 година. Бројот е зголемен од 544 регистрирани педофили во јули лани.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




