Жртви и над 150 повредени во земјотресот во Авганистан
Објавено во: Свет 21 Март, 2023 21:34
Неколку загинати и стотина повредени има во земјотресот кој го зафати Авганистан, но и ги стресе и соседните држави.
Ѕид од куќа падна и усмрти девојче во Пакистан. Најмалку две лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што вечерва го погоди северен Авганистан. Повеќе од 150 луѓе се повредени во областа Сват на северот на Пакистан, поради што локалните болници прогласија итна ситуација, пренесува „Ројтерс“.
Авганистанските власти најавија дека засега немаат прецизни податоци за жртви.
Портпаролот на авганистанското Министерство за вонредни ситуации, Шафиула Рахими, изјави дека две лица загинале во источниот дел на провинцијата Лагман и потврдил дека земјотресот бил многу силен, дека е почувствуван во Бадакшан и во северниот дел на Авганистан, но и во Њу Делхи , главниот град на Индија.
Епицентарот бил во планинскиот венец Хинду Куш, во близина на оддалечената провинција Бадакшан.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




