26 Април, 2024
0.0423

Жозеп Борел: Северна Македонија се приклучува во санкциите против Турција

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Исланд и Ерменија се приклучија на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар. Ова се наведува во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, издадена во Брисел.

„Земјите-кандидатки (за пристапување во ЕУ) Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, Исланд, како и Ерменија ќе се приклучат на оваа одлука на Советот. Тие ќе обезбедат дека нивните национални политики ќе бидат во согласност со одлуката на Советот. Ја поздравуваме оваа заложба„ се истакнува во истото.

Европската унија на крајот на февруари ги прошири санкциите против Турција за нејзините операции за дупчење во ексклузиваната зона на Република Кипар. Воведени се рестриктивни мерки против потпретседателот и шефот на одделот за истражување на турската државна нафтена компанија ТПАО (Турк петролеум корпорација) Мехмет Ферух Акалин, како и неговиот заменик во одделот Али Коскун Намоглу.

Големи резерви на природен гас се пронајдени во зоната на Република Кипар. Во септември, островската државна влада потпиша договор со француската компанија Тотал и италијанската компанија Ени за развој на секторот во Кипар. Сепак, на почетокот на октомври, Турција испрати свој брод за дупчење во областа, придружуван од воени бродови.

Според Анкара, турската механизација и опрема се испраќа во областа на гасот, врз основа на лиценци издадени од самопрогласената Турска Република Северен Кипар, која, освен самата Турција, не е призната од ниту една друга држава во светот.


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9