14 Декември, 2025
0.0408

ЗОШТО РАСТЕ ЦЕНАТА НА ЧОКОЛАДАТА ВО СВЕТОТ? Нема да верувате - удел има Ел Нињо! Еве зошто

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 13:23

Добивај вести на Viber

Чоколадите стануваат поскапи во светот поради цената на суровините, но тоа е причината само „на прв поглед“, пишува сајтот „The Southafrican“. Статистичарите пресметале просечен пораст на цената на чоколадото во мај од 14 отсто во однос на мај минатата година, а само годинава седум отсто, но повеќе од 63 отсто од 2017 година.

Во игра се неколку фактори, иако главната причина е зголемувањето на глобалните цени на какаото, кои растат во последните три години, а во 2024 година ќе достигнат највисоко ниво во последните 46 години.

Областите за производство на какао во Западна Африка се најголеми во светот. Временските обрасци на Ел Нињо кои на некои места носат долготрајна суша и на други обилни дождови, негативно влијаеле на тие области. Болестите на земјоделските култури, како и геополитичките тензии поради војната меѓу Русија и Украина, имаат влијание на пазарот на ѓубрива.

Ел Нињо предизвика суво време во Западна Африка и придонесе за проблеми на плантажите, како што е вирусна болест на ластарите, пренесува „Курир.рс“.

Недостигот на зрна какао речиси доведе до затворање на погоните за преработка во Брегот на Слоновата Коска и Гана оваа година. Овие две земји сочинуваат 60 отсто од светското производство.

Иако приносите се намалени, глобалната побарувачка расте. Ова создаде глобален дисбаланс на понудата и побарувачката и резултираше со многу повисоки цени.

Пазарните експерти предвидуваат дека на глобалниот недостиг на какао наскоро ќе му дојде крајот. Закрепнувањето на производството на какао во најголемите фарми во светот треба да стави крај на тој огромен недостиг, според брокерот за суровини Marek Group.

Групата очекува производството на какао да ја надмине побарувачката во претстојната сезона 2024-2025 година што започнува во октомври. Тоа ќе ја означи првата година на суфицит по три последователни сезони со дефицит.

Очекуваните подобри временски услови во Западна Африка ќе имаат позитивно влијание и врз производството на какао.

Блумберг истакна дека повлажните временски услови во Западна Африка веќе помогнале да се спуштат цените на какаото од историските највисоки вредности претходно оваа година.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји