27 Април, 2024
0.0276

Зошто расте цената на акцијата на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија, Финансии 14 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Банката официјално потврди дека ќе одржи акционерско собрание најдоцна до 25 март. Резултатите се одлични и тоа е уште неофицијално. А шпекулација е дека дивидендата ќе биде повисока од лани, а некои веќе лицитираат и со нето износ од 10 евра по акција. Значи ако е така, а има изгледи да биде, приносот на вложеното вчера би можел да биде речиси 8 отсто. Неспоредливо подобро од „уроченото“ простете ороченото во банка.

Акцијата на „Комерцијална банка“ е главна шема на нашиот берзански пазар. Единствената домашна акција на сегментот „суперкотација“ беше во фокус на инвеститорите во последниве 19 трговски денови  (период од 14 декември 2020 година до 13 јануари 2021 година) и постигна промет од солидни 3,5 милиони евра што претставува просечен дневен промет од 184.000 евра со таа акција, а тоа е солиден промет за „корона“ услови во кои опстојува нашиот пазар за хартии од вредност.

И не е само тоа! Пазарната цена на акцијата на „Комерцијална банка“ за тие 19 денари порасна за 800 денари односно за 11,4 отсто во однос на цената од 14 декември лани кога акцијата се тргуваше по цена од 6.990 денари. Единствен ривал во берзанската понуда на оваа акција е супермоќната акција на фармацијата „Алкалоид“ која неофицијално има повисока доверба кај инвеститорите и од државните обврзници.

Како и да е, убаво е да се има повод и да се напише берзанска анализа за ценовни растови и зголемни обеми на тргување во вакви „корона времиња“.

Што го предизвика растот на цената на акција на „Комерцијална банка“?

Акцијата на „Комерцијална банка“ е еден од двата „бест бај“ артикла на нашата берза заедно со акцијата на „Алкалоид“. И двете компании имаат кредибилна дивидендна историја, континиутет во растот на своите пазарни позиции и што е многу важно за инвеститорите без разлика да се инситуционални или индивидуални, двете компании имаат уситнета акционерска струтура – фактор што остава простор за окрупнување на акционерска структура што во превод значи реални очекувања за капитални добивки за купување и чување акции на одреден период. Освен тоа и двете добија „тапии“ за квалитет и потенцијал од реномирана компанија која работи акнализи за вложување на пазари во развој и тоа го прави за инвестициски банки. Затоа акцијата на „Комерцијална банка“ во континуитет е прв „маркет мејкер“ на нашиот пазар односно е материјал за тргување без кој не се може за да опстои нашата берза.  

Ова горенаведеното во најкратки црти се базичните фактори за позицијата на акцијата на „Комерцијална банка“. По влегувањето на Ванчо Чифлиганец во акционерската структура на банката преку неговата градежна компанија „Актива“ факт е дека „Комерцијална банка“ го зголеми износот за исплатена дивиденда по акција. И овој факт го знаат и го памтетат и антиципираат сите учесници на пазарот за хартии од вредност.

Е сега видливи за нас, катализатори за последниот раст на пазарната цена на акцијата на „Комерцијална банка“ се пред се два. Официјален и видлив фактор и една шпекулација. И сето тоа во најава имаше три големи трансакциии во акцијата на „Комерцијална банка“ во периодот од 28 декември до 5 јануари кумулативно вредни 1,5 милиони евра.

Првиот катализатор е факторот кој е катализатор за раст на цената е достапен на системот СЕИ НЕТ на нашата берза. Станува збор за Планот за објави т.е. настани во 2021 година во кој особено внимание на инвеститорите предизвика потврдата дека банката ќе одржи акционерско собрание до 25 март годинава. Тоа значи дека ако има дивиденда, а многу е веројатно дека ќе има (на што во прилог оди и зголеменото тргување со акцијата и тоа со зголемен раст на пазарната цена) таа ќе биде исплатена до 25 април!

Во услови кога короната си го направи своето и поголем дел од дивидендните фирми годинава нема да се во можност или повторно ќе се воздржат да поделат дивиденда акцијата на „Комерцијална банка“ и на „Алкалоид“ се единствените два фикса за кои се високите очекувањата за поделба на дивиденда. Затоа што приносот од дивиденда е неспоредливо повисок од чувањето пари под камата во банка раззбирлив е притисокот врз цената на двете акции во овој период.

Вториот катализатор е шпекулација. А таа е дека „Комерцијална банка“ има многу добар резултат за 2020 година (со оглед на општите услови во економијата) и дека ќе подели дивиденда во нето износ кој може да достигне и 10 евра за акција. Оваа информација веројатно сега во овој временски период е полушпекулација затоа што веќе се разговара за износот. Во овој момент согласно законските услови никој нема да потврди ниту да демантира и затоа нема ниту официјално да прашуваме.

Пазарната цена на акцијата покажува дека инвеститорите веруваат во тоа и вложуваат во таа акција. Ако се цени по ланскиот однос на најголемиот акционер „Адора“ за очекување е дека Чифлиганец ќе биде заинтересиран за повисок износ на дивиденда од лани зашто има легитимно право на тоа , а резултатита на банката се многу добри и можат да го обезбедат тоа. Секако останува макар и само формално централната банка да нема ништо против, а тоа нели согласно законските овластувања за адекватноста на капиталот и другите параметри кои ги следи Народната банка и досега се покажала како одличен монитор во банкарскиот сектор.

Значи, сите знаеме и пазарот на хартии од вредност го препознава капацитетот и потенцијалот на акцијата на „Комерцијална банка“. Е сега инсајдерите доколку делуваат, а се очекува да делуваат, ќе покажат во кој правец годинава ќе се одвиваат дејствијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра