09 Мај, 2024
0.0332

ЗОШТО ОТИДОА ВО МИНУС - ГТЦ лани со загуба од над половина милион евра

Објавено во: Економија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Градски Трговски Центар А.Д. Скопје до Берзата го достави финансискиот извештај. Што може да се види од билансот на успех?

Во него се наведува дека во текот на минатата година друштвото остварило вкупни приходи од 224.104.000 денари, или 3,64 милиони евра, кои, како што велат од компанијата во својата објава до берзата, се поголеми за 7 отсто во однос на претходната 2018 година. 

Но, затоа трошоците растеле повеќе, односно како што појаснуваат од ГТЦ, а вкупните трошоци изнесуваат 258.453.000 денари, односно 4,2 милиони евра, и тие се за 9 отсто поголеми во однос на претходната 2018 година.

Ова придонело ГТЦ минатата година да ја заврши со загуба, односно негативен финансиски резултат во бруто износ од 34.349.000 денари. Или, минусот на друштвото лани изнесувал 558,5 илјади евра.

За оваа година од компанијата сакаат тоа да се смени и да работат со добивка.

Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати во наредниот период за тековната 2020 година, со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кој располага нашето друштво“, се вели во објавата од ГТЦ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА