14 Декември, 2025
0.0430

ЗОШТО „НАСТЕЛ“ НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ПРОДАДЕ ПЕТ АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - сумата е мала, само 10 илјади евра

Објавено во: Економија 16 Јули, 2024 11:09

Добивај вести на Viber

Компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов, која е долгогодишен акционер во „Реплек“, продала акции во тоа акционерско друштво. 

Стаува збор за мала количина, односно за само пет акции, но треба да се има предвид дека продажбата се случила пред поделбата на акциите, кога тие имаа многу поголема вредност, бидејќи таканаречерниот сплит се изврши на сооднос 1:10, односно една акција беше поделена на 10 помали, во истиот сооднос. 

Реплек АД Скопје објавува дека акционер со над 5 отсто, односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 5 акции (пред поделба на акциите), со што после поделба на акциите поседува вкупно 24.270 или 9,36 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата на компанијата на берзата, како ценовно чувствителна информација. 

Пред поделбата на акциите, односно на 11 јули годинава, на редовното тргување биле продадени точно пет акции на фармацевтската компанија, па се претпоставува дека токму на тој ден „Настел“ ги продал своите акции. Продажбата е извршена по доста солидна цена, односно по 125.000,8 денари за акција, што значи дека „Настел“ за своите акции инкасирал сума од нешто над 10 илјади евра, што се смета како непривлечен износ доколку тој бил причината за оваа трансакција. 

Инаку, вчера за прв пат се случи тргување со новите, сега поделени акции на „Реплек“ на берзанскиот редовен пазар, и се продаода акции по цена од 13.652 денари по акција, но кога би се гледал соодносот, ова, иако е реално пад, значи дека всушност пораснала вредноста на акциите на компанијата, кои сега се една десетина од претходните. 

Исто така, се продала доста поголема количина од претходно, односно 313 акции, што би одгховарало на 31,3 акции од претходната нивна вредност. 

Или, на редовниот пазар со акциите на „Реплек“ се сврте сума од околу 70 илјади евра.

Токму и тоа беше целта на поделбата на акциите, тие да станат подостапни за што поголем број на инвеститори, со цел да се разигра пазарот на капитал во земјава.  

Фармацевтската компанија „Реплек“, откако оттаму излезе семејството Туџарови, има прилично интересна и разиграна сопственичка структура.

Најголем поединечен акционер е Душан Пецоски, кој и раководи со компанијата, и кој поседува 12,19 отсто од акционерскиот капитал. Неговиот брат Владимир Пецоски, пак, располага со капитал од 6,33 отсто.

Градежната компанија „Настел“ на Зоран Азманов располагаше со 9,38 отсто од капиталот, а по продажбата со 9,36 отсто од капиталот.

Самото АД „Реплек“, пак, како сопствени акции држи 8,14 отсто од акциите. 

Пензискиот фонд „Сава“ поседува 6,4 проценти од капиталот, а сличен процент од 6,37 отсто има фирмата „Ситко Антонио“.

Еден од поновите акционери, лабораторијата „Биотек“, засега се задржува на процентот кој го откупи своевремено, односно 6,3 отсто од капиталот.

Има и неколку поситни акционери во компанијата, главно домашни физички и правни лица.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји