27 Април, 2024
0.0269

Зошто Гранит како приоритет купи акции од Комерцијална за 7 милиони евра?

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ купи 113.700 акции со право на глас во најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“, објавија двете компании на Македонската берза за хартии од вредност. Во акции на една од најголемите банки „Гранит“ вложи 426,4 милиони денари односно 7 милиони евра. По кој основ врвен приоритет на „Гранит“ е да вложи 7 милиони евра кеш во 4,99 отсто од акциите на оваа банка?„Фактор“ побара официјално објаснување од „Гранит“ и доколку добиеме одговор на прашањата ќе ги објавиме во целост.

„Гранит“ за неколку промили купи помалку од 5 отсто од акциите во големата македонска банка и со тоа ја избегна обврскатакоја ја имаат акционерите кои поседуваат 5 отсто акции во банка за што треба да добијат одобрение од централната банка.

Информацијата за купување акции во „Комерцијалната банка“ изненади многумина акционери. „Гранит“ кој е голем клиент на „Комерцијална банка“ ги плати акциите по цена од 3.750 денари за акција и е купувач на акции кои ги продаде шведски инвестициски фонд кој поседуваше повеќе од 13 отсто од акциите со право на глас во таа банка. 

Суштинската разлика меѓу „Гранит“ и трите други компании кои купија акции во Комерцијална банка е во структурата на нивната сопственост. Имено трите други фирми се со силна концентрација на сопственост зашто имаат по еден или неколку сопственици. „Гранит“ за ралика од нив има повеќе стотини сопственици (физички и правни лица). Што ќе одбереа тие? Да купи менаџментот акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра, да им ги подели во дивиденда или да ги инвестира во дејноста?


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра