05 Мај, 2024
0.0241

Зошто Германија се повеќе се плаши од „Brexit“?!

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Евентуално излегување на Британија од Европската унија (ЕУ) крие сериозни ризици како за Германија, така и за еврото, според германскиот Институт за економски истражувања (DIW). "Велика Британија може да е првото парче од домино ефектот", вели претседателот на DIW Марсел Фратчер за агенцијата ДПА.

Според него слични референдуми во земји од еврозоната, како Италија и Франција, би постигнале една многу опасна несигурност од самиот „Brexit“.

Но и само при напуштање на Велика Британија на ЕУ зголемените камати за кредитите се закануваат да доведат до забавување на инвестициите. "Ќе има и потреси на финансиските пазари кои би станале исклучително нестабилни", коментира уште Фратчер. Фунтата најверојатно ќе загуби сериозен дел од вредноста, како и еврото, ќе настане голема несигурност, смета економистот.

„Тогаш повторно ќе се воспостави механизам кој на крајот ќе ја турне Европа и Германија повторно во рецесија, како за време на глобалната финансиска криза во 2008 година и 2009 година", вели уште Фратчер.

Велика Британија не треба да очекува економски бенефиции при напуштање на ЕУ, смета економистот. "Тоа ќе значи помалку капитал во земјата, компаниите ќе се насочат кон други места. Инвестиции, иновации, перформанси - сето тоа ќе се намали и на тој начин ќе се одрази негативно на долгорочните работни места. Растот и просперитет како целина ќе бидат помали ", нагласува тој.

Фратчер цитира и студии според кои британската економија ќе се намали во следните 15 години со меѓу три до четири проценти. "Тоа е многу, по глава на жител ќе падне загуба просперитетот од 700 - 800 евра".

"Најголемата загриженост е конечно отпорноста на еврото", појаснува тој, додавајќи за можните ефекти на домино. "Други земји може да се запрашаат дали навистина сеуште сакаат да останат во ЕУ? Еве - Британците излегуваат, а други може да добијат добра зделка ако исто така, сакаат да го направат тоа ", вели експертот.

Еден референдум во Италија или Франција би бил и референдум за еврото, нагласува Фратчер. Ова ќе доведе до нова неизвесност. "Економските штети од едно излегување од еврозоната на една земја би биле огромни за цела Европа", појаснува тој.

Истовремено претседателот на DIW предупреди за потребните реформи во ЕУ, вклучително и за изградба на банкарска унија, фискална унија со европски министер за финансии и силна политичка легитимност на заедницата, како што се директен избор на Европската комсиија и зајакнување на Европскиот парламент.

Британското гласање за напуштање на ЕУ може да се одрази негативно на големите германски банки имајќи ги предвид сериозните изложености кон Лондон, изјави во меѓувреме и шефот на германскиот финансиски надзор BaFin во интервју за германскиот весник Тагесшпигел.

Претседателот на BaFin Феликс Хуфелд коментира за весникот дека се надева оти Британците ќе гласаат да останат во Европската унија. Ако не, тогаш "најголемите банки ќе имаат најголемите проблеми", цитира весникот Хуфелд. "Тие имаат најмногу активности во и со Лондон", вели тој.

Хуфелд додава дека Европската централна банка ќе ја следи одблизу ситуацијата, а самите банки создале внатрешни групи да ги следат можните последици.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години