14 Декември, 2025
0.0571

ЗОШТО ДРЖАВАТА МУ ИСПЛАТИ 3,2 МИЛИОНИ ЕВРА НА МЖ ТРАНСПОРТ ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ - трупаат милионски долгови, а сами немаат ни за струја

Објавено во: Економија 10 Мај, 2022 07:44

Добивај вести на Viber

Македонски железници транспорт само за еден месец, во април, добиле државни пари од дури 3,23 милиони евра.

Податокот може да се најде на владината платформа Отворени финансии, која за секој месец ги објавувба најголемите исплати од државниот буџет на поединечните приматели на средства.

Од овие средства, од Министерството за транспорт и врски се исплатени 161 милиони денари, или 2,6 милиони евра, и тоа за исплата на заостанати долгови на државното претпријатие. 

Инаку, платформата Отворени финансии говори дека најголемата исплата кон МЖ Транспорт се случила на 15 април, кога кон оваа компанија се префрлени 1,7 милиони евра од Министерството за транспорт и врски. Во истиот ден на сметка на државното јавно претпријатие од истиот ресор биле исплатени уште 333 илјади евра, а исплати имало и во неколку други денови.

Фактор праша во Министерството за транспорт и врски со која цел му исплатиле 2,6 милиони евра на МЖ Транспорт во само еден месец.

Од министерството со кое раководи министерот Благој Бочварски велат дека тие средства му се исплатени на МЖ Транспорт со одлука на Влада.

Односно, тие пари од државата ги побарувале МЖ Транспорт со цел да се покријат долгови кои ги направило претпријатието за струја, за гориво, како и за исплата на платата на вработените за март годинава, како и мал дел за некои заостанати долгопви за осигурување.

Од веб страницата на МЖ Транспорт може да се види дека во МЖ Транспорт во моментов се вработени вкупно 941 вработен. Од нив седдуммина се во менаџерскиот тим, а во Дирекцијата работат 191 лице. Во Влеча на возови се ангажирани најголем број работници, 450, во товарниот сообраќај се 175, а во патничкиот сообраќај се ангажирани 118 работници.

Инаку, ресорниот министер Благој Бочварски вчера изјави дека со претстојниот ребаланс на Буџетот ќе бара за неговото министерство плус пет милиони евра. Тој изјави дека средствата што ги има добиено Транспорт со Буџетот не се доволни, па се надева дека неговиот колега, министерот за финансии Бесими, ќе му  ги одобри дополнителните пари, а кои, како што рече, се потребни за  гасификацијата.  

МЖ Транспорт е убедливо најголем државен должник со години по ред. Тоа го покажува листата на борчлии од јавниот сектор која ја објавува Министерството за финансии.

На крајот на март годинава, односно на крајот на првиот квартал, МЖ Транспорт бил убедливо најголемиот државен должник, со доспеани а неплатени обврски од 67,7 милиони евра.

 На крајот на минатата година, пак, долгот на МЖ Транспорт изнесуваше 65 милиони евра, што значи дека за само три месеци е зголемен за 2,7 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?