20 Декември, 2025
0.0652

ЗНАМ: Некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 15:07

Добивај вести на Viber

Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство, велат од ЗНАМ на Максим Димитриевски. 

Движење ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува вчерашното дивеење и сквернавење на знамето на Македонија додека се славеше Денот на албанското знаме.

„Секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот, како и државата. Ваквиот чин покажува дека некој или некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле, школувале, работат, живеат“, велат од ЗНАМ. 

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија може со жалење да констатира дека тоа што вчера се случуваше на многу места низ државата, а особено вандалското однесување на поединци и групи во Скопје и Куманово, со непочитување на законот за употреба на знамињата и уништување и сквернавење на нашето државно, но и знаме на Македонците е за најостра осуда.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се залага за почитување на законите, за владеење на правото. Токму затоа секој што се однесува спротивно на тие воспоставени демократски принципи, мора да одговара за своите постапки, а не да се крие зад лажната борба за национални права и слободи.

„Јавно ги осудуваме ваквите настани и ја поздравуваме реакцијата на Министерството за внатрешни работи. Очекуваме и Обвинителството да го заврши својот дел од работата и сите оние што го прекршиле законот да ги изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според законот. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека секој што има намера да ја дестабилизира Македонија и да го доведе во прашање Уставниот поредок, да ја загрози безбедноста на граѓаните и да предизвика омраза ќе мора да се соочи со последиците. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека Македонија е демократска земја во која се почитуваат правата на секој човек, секој граѓанин, на сите етнички заедници што живеат во неа, но не може и не смее да дозволи непочитување на законите и симболите на државата, но и на Македонците. Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека не можеме и не смееме да дозволиме некој, поради остварување на сопствените цели и фрустрациите од изгубените позиции да  ги користи младите луѓе за ширење насилство, омраза и дестабилизирање на меѓуетничките односи“, велат од ЗНАМ.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека осум лица се приведени за сквернавањето на македонското знаме. 

Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице е приведено. Собирот бил ненајавен и се одржал в период од 18:00 до 22:00 часот. Полициски службеници го привеле Б.Џ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки