Златото расте, нафтата во исчекување
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016
По победата на Доналд Трамп на изборите во САД, цената на златото расте, а нафтата e во исчекување.
Златото поскапе за 5,4% на Токиската берза, при пласирање на прелиминарните резултати од претседателските избори во САД.
Среброто и платината чувствуваат слаби ефекти затоа што се поврзани со индустриските метали.
Трамп во предизборието го изразуваше своето незадоволство од договорите за слободна трговија.
Според него тоа би значело слабеење на глобалниот економски раст.
Победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД ja става под сомнение примарнаta претпоставка на глобалните финансиски пазари, дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки наскоро и ќе продолжи затегнувањето на монетарната политика во следните години, коментира Ројтерс.
Финансиските пазари беа потресени веднаш по веста за Трамп. Доларот и акциите потонаа, а државните хартии од вредност и злато се лансираа нагоре.