19 Декември, 2025
0.0760

Живеат во село, немаат компјутер, и не слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018 06:40

Добивај вести на Viber

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

Претседателот на месната заедница Дарко Георгиев, вели дека иако е помлад од другите жители, сепак и тој не работи со компјутер, а не слушнал дека има нов, поинаков начин за пријавување данок во УЈП.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев.

Но, додава дека ако оваа обврска е задолжителна, сепак ќе мора да ги извести мештаните за процесот кога ќе добие информации.

„Ако мора, штом ќе ме информираат, ќе одам од куќа на куќа да им кажам на луѓето, да се снајдат затоа што имаат деца,  внуци во град кои ја разбираат работата, што да правам, кмет сум им“, додава Георгиев.

Од УЈП објаснуваат дека во тек се активности за изнаоѓање на решение за олеснување на постапката за регистрација на пензионерите и изнемоштените лица, со цел овозможување на оваа категорија на наједноставен начин да си ги остварат правата и обврските регулирани со Законот за персонален данок на доход, односно увид во приходите евидентирани во службената евиденција со која располага овој орган и потврда/корекција на годишната даночна пријава.

„Од страна на Управата за јавни приходи се разгледуваат можните решенија и секако по изборот на најсоодветното решение, навремено ќе се информира јавноста преку расположливите  канали за комуникација и информирање. Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани, од кои  21.556 се одобрени, а за 15.268 граѓани постапката е отпочната и се чека да дојдат во Управата за јавни приходи  да се легитимираат за да се прифати нивното барање. Затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена“, наведуваат од УЈП.

Претходните години граѓаните потполнуваа Годишни даночни пријави, доколку освен плата и пензија имаа и други приходи, и заклучно со 15 март мораа пријавата да ја достават во просториите на УЈП, а за оние кои не ја почитуваа оваа обврска, имаше пропишано парични казни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот