12 Мај, 2024
0.0276

Живеат во село, немаат компјутер, и не слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

Претседателот на месната заедница Дарко Георгиев, вели дека иако е помлад од другите жители, сепак и тој не работи со компјутер, а не слушнал дека има нов, поинаков начин за пријавување данок во УЈП.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев.

Но, додава дека ако оваа обврска е задолжителна, сепак ќе мора да ги извести мештаните за процесот кога ќе добие информации.

„Ако мора, штом ќе ме информираат, ќе одам од куќа на куќа да им кажам на луѓето, да се снајдат затоа што имаат деца,  внуци во град кои ја разбираат работата, што да правам, кмет сум им“, додава Георгиев.

Од УЈП објаснуваат дека во тек се активности за изнаоѓање на решение за олеснување на постапката за регистрација на пензионерите и изнемоштените лица, со цел овозможување на оваа категорија на наједноставен начин да си ги остварат правата и обврските регулирани со Законот за персонален данок на доход, односно увид во приходите евидентирани во службената евиденција со која располага овој орган и потврда/корекција на годишната даночна пријава.

„Од страна на Управата за јавни приходи се разгледуваат можните решенија и секако по изборот на најсоодветното решение, навремено ќе се информира јавноста преку расположливите  канали за комуникација и информирање. Заклучно со 12.10.2018 година во апликацијата „Е-персонален данок“ се регистрирале 36. 824 граѓани, од кои  21.556 се одобрени, а за 15.268 граѓани постапката е отпочната и се чека да дојдат во Управата за јавни приходи  да се легитимираат за да се прифати нивното барање. Затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена“, наведуваат од УЈП.

Претходните години граѓаните потполнуваа Годишни даночни пријави, доколку освен плата и пензија имаа и други приходи, и заклучно со 15 март мораа пријавата да ја достават во просториите на УЈП, а за оние кои не ја почитуваа оваа обврска, имаше пропишано парични казни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“: еве што вели Јаневска за познатата манифестација

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“: еве што вели Јаневска за познатата манифестација

ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ - потегот бил договорен

ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ - потегот бил договорен

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна“: Сиљановска - Давкова и официјално претседателка - не користеше Северна во заклетвата

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна“: Сиљановска - Давкова и официјално претседателка - не користеше Северна во заклетвата

ДВЕ ЖЕНИ ОД СКОПЈЕ И СТРУМИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО НАПРАВЕНИ СООБРАЌАЈКИ - добиле тешки повреди

ДВЕ ЖЕНИ ОД СКОПЈЕ И СТРУМИЦА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ПО НАПРАВЕНИ СООБРАЌАЈКИ - добиле тешки повреди

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди