Живеат под кирија, а се најразвиени во Европа
Објавено во: Свет 19 Април, 2017
Германците иако се едно од најбогатите во Европа сепак немаат свои домови, туку живеат под кирија.
По ова тие водат во Европа, а се и меѓу првите народи во светот кои попрво живеат под кирија, отколку да купат свој дом иако имаат можности за тоа.
Само 43% имаат свој стан или куќа, а невработеноста е 5.2%.
Слично на Германците постапуваат и граѓаните на Швајцарија.
Во Шпанија е обратно, околу 80% живеат во свои домови иако невработеноста во земјата е 27%.
Се смета дека во Германија ниските цени за кирија се причина зошто многу луѓе живеат во изнајмено живеалиште.
За разлика од Ирска, САД или Шпанија, владата во Германија не го поттикнува живеењето во свој дом.
Хипотеките во Германија се скапи и тешко достапни.
Сепак, 93% од Германците на анкета се изјасниле дека се задоволни од своето живеалиште.