ЖИТЕЛИТЕ НА БАЊСКО ПОЛЕ СЕ ПЛАШАТ ДА ГИ ПУШТАТ ДЕЦАТА САМИ НА ИГРАЛИШТЕ: Австриската полиција соопшти какви мерки ќе преземе за пронаоѓање на Данка
Објавено во: Балкан 03 Април, 2024
Мештаните од Бањско Поле во српскиот град Бор се плашат за своите деца, по исчезнувањето на малата Данка Илиќ по која се трага од вторникот.
Тие се плашат да ги пуштат децата сами надвор. Жителката во интервју за порталот „Нова.рс“ веднаш по исчезнувањето вели дека е многу загрижена за состојбата во селото.
„Кога ги чувам децата, секогаш ги држам цврсто и не ги пуштам од очи. За неколку дена треба да ми дојдат внуците, не знам како да се однесувам, исплашена сум. Некогаш ги носев на игралиштето веднаш под нас, сега добро ќе размислам дали смеам да одам. Не знаев ни што се случи додека не ми се јави ќерка ми од Бор и рече дека исчезнало дете од соседството“, рече таа.
Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста Данка да е детето од објавеното видео снимено во Виена. Ова видео го снимил српски државјанин кој живее во австриската престолнина.
Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени снимени со девојчето веднаш да се обратат во полиција. Србинот кој го снимил видеото тврдеше дека се работи за Романки. Данка исчезна на 26 март во Бор.
Eкспертите споменуваа киднапирање, влашка магија или дека детето можеби е продадено. Семејството на Данка кажа дека во медиумите имало многу невистини и дека откако детето ќе биде пронајдено, ќе дадат одговори.