27 Април, 2024
0.0173

Зинедин Зидан ја одбил поканата на федерацијата да дојде на финалето во Катар

Објавено во: Спорт 17 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Француската фудбалска федерација го покани Зинедин Зидан како специјален гостин во Доха за неделното финале на Светското првенство, во кое Франција ќе ја брани титулата против Аргентина. Но, причината само ги подгреа гласините дека од јануари ќе го наследи Дидие Дешамп на клупата на националниот тим.

Зидан, пишува Мундо Депортиво, ја одбил поканата за „да не им го одземе вниманието на Дешам и на репрезентацијата“ во пресрет на неделното финале. Легендарниот играч за врска и поранешен тренер на Реал Мадрид наводно веќе усно се договорил со здружението за преземање на репрезентацијата од 1 јануари, што би била негова прва селекторска работа.

Дешам може да остане ако така сака

Договорот на Дешам истекува на крајот од Светското првенство во Катар, но тоа не значи дека тој ќе си замине бидејќи се шпекулира дека има клаузула според која може еднострано да ја продолжи соработката на крајот на годината и да остане на клупата.

Како тренер, Зидан работеше исклучиво во Реал Мадрид, но исклучително успешно бидејќи во два мандати од 2016 до 2021 година трипати ја освои Лигата на шампионите, а два пати домашното првенство, Купот на кралот, шпанскиот и европскиот суперкуп и Светско клупско првенство. Но, тој не освои ништо во последната сезона, па по втор пат го напушти Мадрид и оттогаш е невработен.

Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата