29 Април, 2024
0.0247

Жито Маркети стартуваше нова Наградна игра

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

“На нашите ценети потрошувачи ќе им додадеме дополнителна вредност за нивниот буџет во секојдневното пазарење, а со атрактивните цени, купувањето ќе го направиме задоволство за сите”, вели Стојанче Тодороски, Маркетинг директор во Жито Маркети.

Жито Маркети, еден од најраспространетите малопродажни трговски синџири во Македонија, започна голема Наградна игра, со богат фонд на награди за своите потрошувачи. Наградната игра “Навика да освојам повеќе!”, ќе се трае месец и половина, почнувајќи од 1 септември, до 16 октомври, 2016 година, а главната награда е автомобил Фиат Линеа. Извлекување ќе се одржи на 22 октомври, 2016 година, на голема забава со популарни домашни музички артисти, на платото на супермаркетот Жито Ване, во Велес.

“Со наградната игра на Жито Маркети, на нашите ценети потрошувачи ќе им овозможиме голем фонд на награди, ќе додадеме дополнителна вредност за нивниот буџет што го користат во секојдневното пазарење, а со атрактивните цени, купувањето во нашите маркети ќе направиме да биде задоволство за сите”, вели Стојанче Тодороски, маркетинг директор во Жито Маркети.

Концептот на “Навика да освојам повеќе!”, е преку бесплатното зачленување во Клубот на верни купувачи, што може да се направи на секоја каса во кој било продажен објект на Жито Маркети, со пазарење да се соберат десет поени, при што се добива Купон за учество во Наградната игра. Притоа, еден поен на картичката на Клубот на верни купувачи се добива за секоја направена сметка од над 500,00 денари, додека дополнителни два поена се добиваат при купувањето на еден од означените производи во маркетите. Потрошувачите можат да праќаат неограничен број на купони за учество во наградната игра.

Освен за автомобилот Фиат Линеа како главна награда, потрошувачите на Жито Маркети ќе играат и за друг богат награден фонд, како што се пет скутери, пет смарт телевизори, десет лап-топ компјутери, потоа десет машини за перење, како и 40 вредносни ваучери кои што можат да се употребат за пазарување во продавниците на овој трговски синџир.

Жито Маркети се една од најбрзорастечките трговски марки во Македонија, со 52 малопродажни објекти низ целата земја, со концепт на маркет, супермаркет и дисконт продавници.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг