Добивај вести на Viber
Мажите повеќе ќе заработуваат од жените во наредните 70 години, информираа вчера во Женева од Меѓународната организација на трудот.
Засега жените во просек заработуваат 23 % помалку од мажите. На глобално ниво, невработеноста на мажите е 72 %, а кај жените е 46 %.
„Во последните две децении жените значително го подобриле својот образовен профил, но тоа не резултираше со нивна подобра позиција на работа“- стои во извештајот.
Жените се претежно со семејството и повеќе се грижат за децата, така што многу од нив не работат или заработуваат помалку.
Паралелно многу жени се одлучуваат да работат на „црно“ и послабо платени професии, што резултира со големи разлики во приходите во одминати години.
Околу 200 милиони постари жени во светот живеат без редовна пензија, а со истиот проблем се соочуваат и 115 милиони мажи, додаваат од Меѓународната организација на трудот.