ЖЕСТОКИ ЕКО ПРОТЕСТИ ВО ХАГ, МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“: Полицијата уапси над 1.500 луѓе
Објавено во: Свет 28 Мај, 2023 20:54
На протестите за
зажтита на животната средина во Хаг беа уапсени повеќе од 1.500 луѓе. Меѓу
демонстрантите имаше и неколку холандски познати личности, меѓу кои и актерката
од „Игра на тронови“, Карис ван Хаутен.
Повеќе од 1.500 луѓе беа уапсени за време на протестот на климатската група „ "Extinction Rebellion", соопшти холандската полиција.
Активисти попладнево блокираа дел од автопатот во знак на протест поради холандските субвенции за фосилни горива. Полицијата соопшти дека употребила водени топови за да ги растера активистите што го блокираа главниот пат во градот и уапси „вкупно 1.579 луѓе од кои 40 ќе бидат кривично гонети“ за вандализам.
Еден од
активистите каснал полицаец при апсењето, соопшти полицијата. Неколку холандски
познати личности беа меѓу демонстрантите, меѓу кои и Карис ван Хаутен,
најпозната по улогата на Мелисандра во хит ТВ серијата „Игра на тронови“.
Ван Хаутен на Инстаграм објави видео на кое носи црвено пончо додека ја прскаат од воден топ.
АНП објави дека таа била уапсена и подоцна и било дозволено да се врати дома, но не прецизирала дали таа е меѓу оние што треба да се гонат. Според Extinction Rebellion, 7.000 луѓе се собрале да се приклучат на демонстрациите, пренесува британски „Гардијан“.
ФОТО: EPA/Sem van der WalМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




