19 Декември, 2025
0.0788

ЖЕНИТЕ ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: И понатаму се дискриминирани при наследувањето на имотот од родителите

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2024 07:44

Добивај вести на Viber

Жените од руралните средини и понатаму се соочуваат со дискриминација при наследувањето на имот. Ова го покажува истражувањето кое го направи Организацијата на жени Битола, кое открива дека повеќето жени се оштетени при поделбата на семејниот имот, а многу од нив и самите планираат да ја повторат истата грешка со своите ќерки.

Истражувањето е со наслов „И женските деца се деца во поделбата на имотот на родителите“. Само 18 отсто од анкетираните жени во руралните средини изјавиле дека нивните родители го поделиле имотот рамноправно меѓу децата. Најчесто браќата добиваат поголем дел од наследството, а сестрите се задоволуваат со помал дел или остануваат без наследство. Во семејствата со две деца, едното машко, другото женско,  во 82 отсто од случаите имотот оди во рацете на синот.

„Податоците нe се фрапантни, не се изненадувачки, очекувани  се, гледајќи ја околината тие беа апсолутно очекувани. Доколку се направи една подлабока анализа, можеби и психолошка анализа, факт е дека традицијата си го прави своето, не лесно бегаме од традицијата и стереотипите. Мој пријател кој е образован, вели во српско,  било забрането на женското дете да му се даде нешто, но затоа кога се мажело женското дете, се давало голем мираз, како машина за шиење, тоа било стандард во 60-те години. Пред свадбите се договарале за миразот. Можеби оттаму почнува сè, а после  тоа тешко се кршат стереотипите. Сега во поново време почнуваат позитивни промени. На мисла сум следната година да направам ваква анкета само во Битола и тоа само во поимотни девојки, жени. И сега гледам имотни луѓе, тие се во осмата деценија  од животот и немаат поделено имот и се мислат како, што околу поделбата. Балканот е Балкан. Во Црна Гора, за раѓање на женско дете кога ќе го видите бебето се даваат 50 евра, а за машко 100 евра“, вели Светлана Петковска, претседателка на Организацијата на жени Битола.

Додава дека и бракот на странски државјани со наши денес добива нова димензија во однос на наследувањето на имотот, а во минатото имало и случаеви кога луѓето подарувале имот на црквата. 

Понатаму, според истражувањето, 22 отсто  од испитаниците изјавиле дека родителите го поделиле имот додека биле живи, а 78 отсто го оставиле неподелен. Но, во 22 отсто од случаите братот доброволно дал некој надоместок на сестрата, а 87 отсто од анкетираните изјавиле дека по поделбата на имотот односите со братот се заладиле. Од анкетираните, 36 отсто од оние кои го поделиле својот имот, се плашат дека ќе останат на улица, а 62 отсто  од оние кои не добиле никаков имот од своите родители не мислат да поделат рамноправно на своите деца. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот