15 Декември, 2025
0.4341

ЖЕНИТЕ СИ ГО КАЖАА СТАВОТ: Македонките би работеле за плата над минималната

Објавено во: Економија 09 Март, 2020 06:57

Добивај вести на Viber

Најголем дел од македонските жени би прифатиле да работат за плата која е поголема од минималната.

За ова сведочат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, по повод Mеѓународниот ден на жената 8-ми Март.

Тие покажуваат дека 34.7 отсто од жените би работеле за сума од 16.001 до 20.000 денари.

32.3 отсто би се задоволите со плата од 12.001 до 16.000 денари.

21.7 отсто сакаат плати од 20.000 до 30.000 денари, а 1.7 отсто би работеле за сума до 40.000 денари.

Само 0.3 отсто се изјасниле дека би работеле за плата над 40.000 денари.

Но, ако се погледнат огласите, повеќето работодавци нудат минималец за почеток. Сепак, луѓето кои посредуваат при вработување тврдат дека во нашето општество мажите и жените не се рамноправни.

„Кај нас обично мажите успеваат да се изборат за повисока плата, но има и исклучоци каде жените заработуваат многу повеќе и се на високи позиции. Сепак, жените одат на породилно отсуство, и се случува да ја изгубат работата во меѓувреме, едноставно не им ги чуваат работните места. Мажот не може да ја изгуби работата од тие причини, така што жената во старт е во подредена положба, едноставно таква е културата кај нас“, велат од скопска агенција за посредување при вработување.

Од Организација на жени Кочани објаснуваат дека мажите и жените не се рамноправни во однос на платите, и тоа треба да се смени во иднина.

„Треба да бидат рамноправни жените и мажите кога се работи за примањата. Една жена треба да биде задоволна со примања од 30.000 денари, или сума приближно на оваа, но со минималец не може да опстане, посебно ако се работи за самохрана мајка“, додава Надежда Глигорова, претседателка на Организација на жени Кочани.

Во земјава 81 отсто од невработените и неактивни жени живеат од платата на некој друг член на семејството, објави ДЗС.

Во урбаните заедници во Македонија само 3,6 отсто од вработените жени се работодавачи, а во руралните заедници дури 22,4 проценти од вработените жени не земаат плата за тоа оти работат семејни работи од кои се издржува семејството, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Минималецот во земјава е 14.500 денари од декември лани.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден