ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО: Првата тематска музејска поставка вон музеј
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2018 12:58
По повод меѓународниот ден на Жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол, во соработка со Археолошкиот Музеј на Македонија, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија, ја организираат првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија. Ова експо за прв пат, на едно место со голема синергија ќе ја прикаже жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Македонската жена е претставена преку 8 археолошки експонати насловени како “Праисториските дами од Македонија” кои датираат од 6-тиот милениум п.н.е. (среден неолит), па сè до средината на 4-тиот милениум п.н.е. (крајот на енеолитот); 6 историски инфо табли каде е претставена “Жената борец за државност и самостојност”, жена која била бунтовник, револуционер и пред сè борец; како и 5 експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот, преку артефакти кои го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 20-тиот век, а се вбројувани во носии од највисок ранг во светски размери. Во рамките на отворањето, со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, Ансамблот Македонија изведе музички перформанс.
Несомнено е дека изложбата е успешна бидејќи е организирана во најфрекфентното место во градот каде илјадници луѓе поминуваат на неделно ниво. Посетителите кои ќе ја посетат и видат изложбата, ќе бидат поттикнати да ги посетуваат музеите почесто.
Скопје Сити Мол како главен двигател на модерните случувања во градот, уште еднаш ја покажа својата оргиналност и општествена одговорностчествувајќи го 8-ми март – Меѓународниот ден на жената на еден уникатен начин, валоризирајќи ги историјата, културата и уметноста на жената од Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




