Земјотрес во рани зори го разбуди Дојран
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018
Жителите на Дојран во раните утрински часови почувствуваа земјотрес .
Јачината била три степени според Европската макросеизмичка а потресот е регистриран во 04:06 часот.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот потекнува од дојранското епицентрално подрачје.