27 Април, 2024
0.0245

Земјоделци на протести, контра СДСМ

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Недонесувањето на буџетот значи и неисплата на субвенции на земјоделците кои се значајни за планирање на производството, ова го изјави денеска Раде Димов, земјоделец од кабринското село Крупоште кој заедно со група земјоделци од штипско-карбинскиот регион и од Свети Николе  излегоа на масовни протести пред просториите на општинските организации на СДСМ со цел, како што велат, да го изразат својот револт поради недонењсувањето на буџетот за 2013 година. - Ние живееме од нашиот труд и од субвенциите кои ги добиваме од буџетот, но ако нема буџет знаеме дека и ќе нема субвенции. Не сакаме да се враќаме повторно назад, буџетот мора да се донесе за да ни се исплатат ветените 135 милиони евра, рече Димов.
Во Штип над 50 земјоделци со трактори протестираа пред просториите на СДСМ, а побараа и пратениците од оваа партија да ги повлечат амнадманите, кои го кочат донесувањето на буџетот за 2013 година. Околу 100 земјоделци од Свети Николе со своите трактори го изразија својот револт низ улиците и пред канцеларијата на општинската организација на СДСМ. Велат дека во нивната општина 7.000 земјоделци и нивните семејства егзистираат само од земјоделство и од поддршката на државата. Тие побараа опозицијата веднаш да го овозможи усвојувањето на буџетот за 2013 година, бидејќи нивмната егзистенција, но и на нивните семејства ќе биде загрозена, на нивните деца кои студираат и одат на училиште, а исто така не можат да го планираат своето производство за наредната година

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади