26 Април, 2024
0.0277

Земјоделците наскоро ќе добијат 50% поевтина нафта

Објавено во: Агробизнис 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Измените на Законот за земјоделство со што се овозможува субвенционирање на зелената нафта, утре влегува во владина процедура, ова го најави ресорниот министер Љупчо Николовски

Со предлогот, на земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта. Агенцијата за финансиска поддршка ќе им доставува платежна картичка со одреден износ во зависност од големината на земјоделските стопанства.

„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.

„Целта на измените е намалување на производните трошоци и поконкурентно производство“, беше ставот на МЗШВ.

 Асоцијацијата на земјоделци смета дека купувањето нафта за 30, наместо за 60 денари за литар ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизелот и ќе ги намали производствените трошоци.

Националната федерација на фармери (НФФ) според која, секој дополнителен трошок и евентуално поскапување влијае врз земјоделството, исто така очекува „зелената нафта“ да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за горивото.


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади