05 Мај, 2024
0.0234

Македонија е земја на лоши патишта, но кои се државите со најдобра инфраструктура?

Објавено во: Анализа 12 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Според извештајот на Светскиот економски форум за глобална конкурентност за 2013-2013, земја со најдобра инфраструктура во светот е Швајцарија, објави Business Insider. Во извештајот САД е на 25-то место, зад земји како Саудиска Арабија, Шпанија и Јужна Кореја. Пред САД се наоѓаат Велика Британија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Барбадос, Оман, Шведска, Шпанија, Белгија, Јапонија, Канада, Бахреин, Данска, Луксембург и Португалија, кои се позиционирани од 11 до 24 то место. Македонија се разбира е далеку од овие земји. Како што и Стопанската комора вчера објави нашата држава е на исклучително лошо ниво во однос на патната и железничката инфраструктура. Практично, додека светот и регионот работеше Владите во Македонија се мислеа и премислуваа, што е подобро да се гради, дали коридорот 8 или коридорот 10. Во меѓувреме Косово и Албанија се поврзаа со модерни патишта, а преку Романија и Бугарија кон Грција привршува изградбата на коридорот 4, директна конкуренција на нашиот коридор 10. Ова се топ 10 на земји со најдобро инфраструктура во сета, според извештајот на Светскиот економски форум за глобална конкурентност: 10. ХоландијаЗемјата е на прво место за квалитет на инфраструктура, пристаништа и квалитетот на електричната мрежа Таа е во топ 30 во сите категории. 9. Германија Германија е на второ место за фиксни телефонски линии по глава на жител, на 5-то место за број на авионски места по глава на жител, и на 3-то место во целина за инфраструктура. 8. Австрија Таа е на 7-мо место во квалитет на патиштата и квалитет на испорака на електрична енергија. 7. Исланд Земјата е на второ место по квалитетот на испорака на електрична енергија и е во топ 30 на сите категории. 6. ОАЕ Државата е на второ место по квалитетот на патиштата и на 3-то по сообраќајна инфраструктура во целина. 5. Франција Франција е на прво место по квалитетот на патиштата и на 4-то по квалитет на железничката мрежа. 4. Хонг Конг Хонг Конг е на прво место по бројот на мобилни претплатници по глава на жител и втора при воздушен транспорт. 3. Финска Земјата е 6-та по квалитет на железничката мрежа и 7-ма кај квалитет на пристаништата. 2. Сингапур Државата е на прво место по воздушен транспорт и втора кај пристанишна инфраструктура. 1. Швајцарија Швајцарија е земјата со најдобра инфраструктура во светот, според Светскиот економски форум.Таа е на прво место во категоријата железничка мрежа и на 4-то кај електричната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад