ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ НА ПРЕГОВОРИ: Kaжа што ќе се случи ако Русите не дојдат
Објавено во: Свет 13 Мај, 2025 18:18
Ако Путин не е подготвен да дојде во Анкара, јас и Ердоган сме подготвени да летаме за Истанбул, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој вели дека никој освен него не може да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.
„Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку. Путин се плаши од директни преговори со мене. Ако Путин не дојде и продолжи да игра, тоа ќе биде последниот доказ дека не сака да ја прекине војната“, кажа Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека доколку преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од САД и ЕУ, бидејќи тоа ќе покаже дека Русија не е подготвена за дипломатија.
Украинскиот претседател рече дека го поканил и американскиот претседател Доналд Трамп на средба со Владимир Путин во Истанбул, но американскиот претседател се уште не потврдил дали ќе присуствува.
Зеленски в четврток во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а доколку дојде Путин, тој е подготвен да отпатува во Истанбул на директни мировни преговори.
Кремљ не откри кој ќе ја претставува Русија на овие потенцијални преговори. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на тоа прашање.
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас вели дека Путин не би се осмелил да се сретне со Зеленски. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




