Зеленски најави одмазда и повика на отпор во окупираните територии
Објавено во: Свет 11 Август, 2022 16:34
Украинските власти очекуваат дека руските сили ќе почнат да се повлекуваат од окупираните територии.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика на отпор жителите на овие територии. Неофицијално, зад нападот врз руска воздушна база на Крим стојат партизани лојални на Украина.
Зеленски во синоќешната видео порака ги повика жителите во окупираните делови да ѝ доставуваат информации за непријателот или за колаборационистите на украинската војска преку сигурни канали.
Зеленски изрази очекување дека руските окупатори наскоро ќе тргнат во бегство.
„Тие веќе имаат чувство дека е дојдено време да побегнат од Херсон и воопшто од јужниот дел на нашата земја. Ќе дојде час кога ќе бегаат и од областа Харков, од Донбас и од Крим“, порача Зеленски.
Зеленски најави одмазда за руските воздушни напади во областа Днипетровск, во кои во ноќта спроти средата се убиени 13 цивили. Уште колку долго ќе трае војната, зависи од руските загуби.
„Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани“, вели украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников.Војната почна на 24 февруари.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




