19 Декември, 2025
0.2811

Зеќири уште 30 дена останува во притвор

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022 19:03

Добивај вести на Viber

Нови 30 денови притвор доби екс генералниот секретар на Владата,  Мухамед Зеќири. 

Информацијата ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Зеќири заврши во притвор на 9 минатиот месец како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Заедно со него, осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.

Обвинителството го сомничи генералниот секретар дека од април лани до јануари годинава, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра. Тој износ бил договорен за консултантските услуги.

Откако се дозна за аферата, Зеќири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата. 

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во Топ тема при крајот на април изјави дека парите за кои ОЈО го гони поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири завршиле на сметките на фирмата во Хрватска. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки