19 Декември, 2025
0.0661

Здрава Котлина: Пресуда во корист на Еуромакс Ресурси за „Иловица“, откако Еколог купи удели

Објавено во: Економија 11 Март, 2023 16:22

Добивај вести на Viber

„Здрава Котлина“ објави пресуда на Вишиот управен суд со која повторно се враќа на почеток процесот за одземената концесија на Еуромакс Ресурси за рудникот „Иловица“. На одлуката, според организацијата, му кумувал Субхи Јакупи, судија од Вишиот управен суд, близок до ДУИ.
Екоактивистите велат дека ова следува откако Еколог купил удел од 25 отсто во Еуромакс Ресурси, а Лазим Дестани од компанијата се сретнал со поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица. 
„ За аргументите кои стојат во пресудата ќе издвоиме посебно внимание и анализа, но засега само ќе кажеме дека целата аргументација е тешка небулоза и ја објавуваме пресудата во целост за да ја прочитате!

Еве како тетовски Еколог ги решава работите во судството откако без око да му трепне и без никаква бизнис логика ќе инвестира во 25% удели во Еуромакс Ресурси, фирма која веќе има ревизорски ажуриран долг од над 40 милиони долари и одземена концесија.

Секако неопходно беше претходно да дојде во Струмица господинот Дестани на состанок со господинот Заев и да се договорат некои нешта. Во игра е влегување на уште еден инвеститор поврзан со политичарите во Македонија па само го чекаме да се охрабри и формално да се обзнани. Ние веќе и го знаеме...

Ефектите сега ги гледате во форма на пресуди каде се што најавуваме полека се остварува!

Еден од судиите кој постојано е присутен во одлуките на Вишиот управен суд е Субхи Јакупи кој пак е клучно и тесно поврзан со ДУИ но и со најголемиот донатор на ДУИ Еколог од Тетово (инвеститор во Еуромакс)“, реагираат од „Здрава Котлина“.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии