26 Април, 2024
0.0269

ЗАВРШНА СМЕТКА БУЏЕТ 2019 - лани државата потрошила 3,5 милијарди евра, дала помалку за плати, за стоки, и за капитални расходи

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Иако минатата година немаше ниту корона ниту други заразни болести, Владата не успеала ниту да ги собере планираните пари во буџетот, ниту, пак, да ги потроши оние што ги предвидела.

Тоа го покажува Завршната сметка на буџетот за 2019 година, документ кој стигна во собраниска процедура и ќе треба да биде усвоен од народните избраници.

Во меѓувреме, пак, пратениците во Собранието расправаат за предлог буџетот за идната година, за што пленарната расправа треба да почне утре, а согласно Деловникот, тој мора да биде донесен најмногу за пет работни дена.

Што покажува пресметката за тоа како државата лани трошела и прибирала народни пари?

Од даноци и од други давачки минатата година биле собрани 3,316 милијарди евра, што е за 107 милиони евра помалку од 3,424 милијарди евра колку што биле планирани со државната каса за лани, и тоа не со првичниот план, туку со ребалансот на буџетот.

Државата не ни успеала да потроши колку што очекувала, па наместо предвидените 3,711 милијарди евра, таа искористила 3,536 милијарди евра, или дури 175 милиони евра помалку, и тоа од оние со ребалансот на народната каса.

И ако е нешто добро во целата оваа работа, тоа е дека останал помал минус во буџетот, односно дефицит, па наместо 288 милиони евра, тој лани достигнал само 220 милиони евра, или помалку од предвиденото за 68 милиони евра. Како што е познато, буџетскиот минус се покрива со задолжување кое го зема Владата од странски или од домашни кредитори.

Ако се погледне подетално завршната сметка на буџетот за 2019 година, може да се види дека лани државата потфрлила во поглед на собирањето на даноците, па успеала од даночни приходи да прибере 179 милијарди денари, наместо 184 милијарди.

Нешто помалку пари се собрани и од неданочни приходи, а додека пораст има кај капиталните приходи, но и кај приходите од трансфери и донации.

На расходната страна, интересно е што за плати и надоместоци на државната администрацја државата потрошила помалку од предвиденото, односно 27,8 милијарди денари, наспроти 28,3 милијарди денари.

И за стоки и услуги направила помал „арч“ отколку што зацртала, односно 43,4 милијарди денари, наместо претходно предвидените 46,8 милијрди денари.

Помалку се трошело и за субвенции и за трансфери, односно 20,3 милијарди денари, наспроти 21,9 милијарди што се планирале за оваа намена.

Помалку реализација имало и кај социјалните бенефиции, односно се потрошиле 80,8 милијарди денари, наспроти 81,5 милијарди колку што се планирале.

И, кога станува збор за капиталните расходи, за кои постојано се критикуваат сите власти дека слабо ги остваруваат, и лани има сериозно потфрлање. Односно, за капитални инвестиции државата лани потрошила 17,8 милијарди денари, наспроти 22,8 милијарди денари колку што се планирале со ребалансот.

Ако ова се изрази во евра, практично лани за капитални расходи – за патишта, енергетика, гасовод, градинки, болници, училишта, водоводи и слично, државата потрошила околу 290 милиони евра, наместо планираните 371 милиони евра, што значи дека тука има потфрлање за 81 милиони евра.

Ако се пресмета процент на реализација, ќе се види дека тој изнесува 78 отсто, што и не е така лошо ако се има предвид колку низ месеците слабо се реализираат капиталните расходи. Очигледно е дека во последните месеци се удира „форца“, со цел да се дореализираат барем оние капитални проекти кај кои е тоа возможно, и да се намалат критиките од јавноста која има големи забелешки за слабата реализација на капиталните инвестиции.

Инаку, во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој да се најде на дневен ред на собраниска седница. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот за годинава практично треба да започне и имплементацијата на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од Ковид 19. Со вкупен износ од 470 милиони евра и 31 мерка, Владата ќе се обиде финансиски да ги помогне граѓаните, но и компаниите за да ја задржат ликвидноста и да го сочува секое работно место.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат