08 Мај, 2024
0.0243

Заврши „Еразмус Плус“ караванот на инфо-денови, почнува програма исполнета со семинари, работилници и конференции

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Со вчерашната презентација во Кичево, официјално заврши патувањето на информативниот „Еразмус плус“ караван, во чии рамки беа опфатени повеќе градови од Македонија: Скопје, Гевгелија, Берово, Ресен, Квадарци, Охрид, Штип и Кичево.

На промотивните активности за програмата „Еразмусплус“ кои ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија, земаа учество наставниците и професорите, општинската администрација и активистите во граѓанскиот сектор на Р. Македонија. Тие беа информирани за фазите на одлучување, односно за процедурата за селекција на апликациите за програмите што ги нуди „Еразмус плус“(за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра), а која се одвива во 4 нивоа:

- Техничка проверка (Проверката се врши од страна на лица вработени во агенцијата, од технички аспект: дали се поднесени сите потребни документи, дали е запазен рокот за аплицирање, дали се пополнети соодветните апликациони формулари итн.)

- Квалитативна евалуација (Оценување на апликациите кое се врши од страна на надворешни експерти – доделување бодови на апликациите според квалитетот на содржината)

- Евалуационен Комитет (Комитет формиран од стручни лица кои доаѓаат од соодветни образовни институции на Р.Македонија, при штo се утврдува запазеноста на сите пропишани процедури и правила при селекција на апликациите)

- Одлука од Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

IMG_4172

Покрај инфо-деновите, Агенцијата, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираше работилници во Скопје и Битола, каде пред бизнис заедницата ја претстави програмата „Еразмусплус“. Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија имаа можност да се запознаат со потенцијалите на „Ерзмусплус“ во насока на подобрување на квалитетот на работната сила и нејзината структура, што ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и поттикнување на економски раст.

Следни активности, кои Агенцијата ќе ги спроведе во склоп на промотивната кампања за можностите кои ги нуди Еразмус плус програмата се: два ECVET семинари и конференции во Скопје, Валоризациона конференција во Скопје, АТОК семинар во Скопје, четири обуки за волонтери кои ќе се одржат во Скопје, е-Твиниг семинар во Охрид, ЕВРИДИКА конференција и ЕУРОПАС семинар.

Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“