14 Декември, 2025
0.4982

ЗАТВОРСКИ ЧУВАР ВО ГРОЗНИ ДО ЗАРОБЕН УКРАИНСКИ ВОЈНИК: Откако ќе се справите со Русите, тогаш ќе ги отфрлиме и ние

Објавено во: Свет 09 Март, 2024 06:55

Добивај вести на Viber

Чеченија ги менува заробените Украинци за свои луѓе. Но, како што тврдат Украинците кои се вратиле дома, Чеченците им се воодушевуваат затоа што тие се спротивставуваат на Русите. 

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров заменува украински затвореници со Украина во замена за чеченски затвореници, пишува британски „Тајмс“. Весникот се повикува на изјавата на Петро Јаценко, портпарол на украинското тело задолжено за прашањата на воените заробеници.

„Имаме случаи каде ранетите (Укранците) ги купувале од руската војска ги носеле во Грозни и потоа ги менувале за свои“, тврди Јаченко.

Украинскиот заробеник Вјачеслав Левицки(41) кого лани Русите го заробиле кај Авдиевка за „Тајмс“ раскажува дека бил изненаден од третманот од Чеченците. Никој не го тепал, му дале инвалидска количка, а на излегување затворскиот чувар го прегрнал и се фотографирал со него.

„Тој ми рече: „Откако ќе се справите со Русите, тогаш ќе ги отфрлиме и ние“, вели Левицки.

Левицки беше ослободен неколку месеци подоцна. Тој бил сместен во група од 60 Украинци кои требало да бидат разменети за пет Чеченци. Размената се одржа во јуни 2023 година.

Се верува дека Чеченците имаат 10.000 борци, но повеќето од нив не се на фронтот. Според „Тајмс“ ова е причината зошто тие не успеваат сами да заробат украински војници, туку мораат да ги купат од Русите за да ги спасат своите борци. 

Многумина веруваат и дека Чеченците  сочувствуваат со Украинците и им се восхитуваат што им се спротивставуваат на Русите, исто како што некогаш правеше „одметнатата чеченска провинција“, пред семејството Кадиров да склучи договор со рускиот претседател Владимир Путин и да стане сојузник на Москва во замена за моќ.

Војната во Украина трае повеќе од 700 дена. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото: твитер/принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск