29 Април, 2024
0.0245

Затворени 12 фарми во Србија поради присуство на афлатоксин во млекото

Објавено во: Агробизнис 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделие на Србија заради присуство на канцерогената материја афлатоксин затвори 12 фарми, а дека во тек се вонредни контроли на фармите по откупните места за сирово млеко, според списоците на добавувачите на млекарите, пренесуваат српските медиуми.

„Со досегашната контрола затворени се 12 фарми од кои се откупува сирово млеко и издадени се решенија на ветеринарниот инспектор на Министерството за земјоделие заради концентрации на афлатоксин поголеми од предвиденото„ се вели во соопштението од српското Министерство за земјоделие. Со правилник од 2011 година се утврдува максимално дозволеното количество на остатоци на средстава за заштита на растенијата во храната и храната за животни.

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Владата на Република Србија ќе и предложи на фармите што се исклучени од откупните линии да им се подели пченка од стоковите резерви и тоа 300 килограми по грло молзна крава, како и соодветно количество зеолити со цел да се подобри квалитетот на сточната храна на нивите,  индустријата за млеко да го преземе сето млеко од фармите, без разлика на неговиот квалитет, а тоа млеко што не одговара на пропишаните стандарди да се предаде на третирање во склад со Законот за предвидениот начин на нештетно отстранување.

Со овие мерки на фармерите кои произведуваат здраво млеко, исто така, ќе им се дистрибуира пченка од стоковите резерви, а на фармерите ќе им биде признато правото на премии за предаден литар млеко без разлика дали тоа оди во производство или на третман на нештетно остранување.

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја продолжува натамошната  контрола на фармите, фабриките за сточна храна, индустријата за млеко и готови производи, се заклучува во соопштението

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?