ЗАТОПЛУВАЊЕ НЕМА НА ПОВИДОК: Еве ја неделната временска прогноза
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2025 06:00
Големо затоплување на времето, како што доликува за втората половина од мај, нема ни на повидок, што значи нов пад на температурите барем одсега гледано ќе имаме по 20 мај, особено кон крајот на месецов, вели метеорологот Славчо Попоски.
Според неговата неделна временска анализа, во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекува. Ти речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекува да надминат и 25 степени. Сепак наутро ќе биде сеуште ладно, особено во почетокот на седмицата.
„Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста и за појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На следниот линк следете ја алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




