09 Август, 2022
0.0295

Започнува продажбата на HUAWEI WATCH FIT 2 на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

HUAWEI WATCH FIT 2, најновиот додаток на култната серија WATCH FIT, сега е достапен на македонскиот пазар во три бои – бела со кожен ремен, розова и црна.

Првпат претставена во 2020 година, серијата ги охрабрува корисниците да пробуваат нови вежби преку низа анимирани фитнес курсеви, режими на вежбање и функции за следење на здравјето. Со елегантниот дизајн на моделот и чувството на леснотија додека го носите, Huawei ги предизвикува корисниците да ја подобрат својата кондиција со уред што е стилски и корисен.

HUAWEI WATCH FIT 2 располага со заоблен правоаголен дисплеј од 1,74 инчи, наследувајќи го модниот стил на линијата HUAWEI WATCH FIT, со нов дизајн за уште поинтерактивно и поинтуитивно искуство. За разлика од претходните модели, HUAWEI WATCH FIT 2 доаѓа со звучник, што им олеснува на корисниците да примаат повици преку Bluetooth без да го користат својот паметен телефон.

Фитнес анимациите и аудио тренерот се подобрени за извонредно аудио искуство, додека мноштвото здравствени карактеристики - следење на сè, од срцевиот ритам до кислород во крвта до спиење - им помагаат на корисниците без многу труд да го следат нивното здравје цел ден, секој ден.

Елегантен дизајн што одговара на сечиј стил

HUAWEI WATCH FIT 2 е инспириран од млади луѓе, демографска група што ја цени индивидуалноста пред сѐ друго - оттука и разновидниот избор на бои на уредот и стилските приспособливи дизајни на часовникот. Уредот исто така поддржува one-hop watch face[1], што им овозможува на корисниците да префрлаат слики од нивниот паметен телефон на нивниот паметен часовник со едно допирање. Има широк избор од три бои за часовникот и ремените - бела, розова и црна, а ремените лесно се заменливи со механизам на притискање и ослободување и се компатибилни со другите модели на Huawei и другите производители.

Екранот од 1,74 инчи е за 18,6% поголем од претходната серија, со 336 PPI и резолуција од 336 x 480 пиксели, со богати и живописни бои, така што лесно можете да го видите секој детаљ на прв поглед. Екранот има и нов дизајн што им овозможува на корисниците да работат со него интуитивно и лесно.

Паметен часовник за попаметен начин на живот

HUAWEI WATCH FIT 2 е надграден со звучник покрај микрофонот. Повиците може да се префрлаат од паметниот телефон на корисниците на нивниот паметен часовник преку Bluetooth. Додавањето често користени контакти во апликацијата HUAWEI Health е исто така поддржано, а доколку корисниците не можат да одговорат на повикот, можат да му испратат персонализирана порака на повикувачот со еден допир.

Двојниот опсег GNSS со пет системи е исто така одлична иновација за тркачите бидејќи ја зголемува точноста на траекторијата на движење. Режимот Sports Field ја следи километражата и темпото, додека новата функција Route Import and Export им овозможува на корисниците да ја додадат својата рута во паметниот часовник преку апликацијата HUAWEI Health. Корисниците исто така можат да ги споделат своите маршрути со пријателите, да ги поканат да се придружат и да го направат трчањето позабавно – или поконкурентно.

Технологија за следење здравствени индикатори

Апликацијата Huawei Health нуди голем број начини за промовирање на здрав начин на живот. Со Healthy Living Management, корисниците можат да креираат персонализиран план вклучувајќи дневни чекори, внес на вода, вежбање и други поставени цели, на кои апликацијата ги потсетува секој ден и им дава повратни информации за тоа како да одржуваат здрав начин на живот. Уредот има и аудио и анимациски потсетник за охрабрување на корисниците да бидат активни во текот на денот.

Паметниот часовник следи и бројни индикатори за здравјето, а надградената технологија за следење на отчукувањата на срцето HUAWEI TruSeen™ 5.0 прецизно го мери BPM на корисниците и заситеноста со кислород во крвта (SpO2). HUAWEI WATCH FIT 2 може да ги анализира различните фази на спиење секоја вечер, за да ги идентификува потенцијалните проблеми, и да предложи решенија за нив.

Вклучено е и следење на менструалниот циклус, што ги проценува пулсот на корисникот, температурата на кожата и фреквенцијата на дишење за попрецизно да ги предвиди неговите фази. HUAWEI WATCH FIT 2 помага и во управувањето со стресот со тоа што ги потсетува корисниците да прават вежби за дишење кога ќе почнат да се чувствуваат преоптоварени.

Нови можности за вежбање за најдобри резултати

HUAWEI WATCH FIT 2 има паметни функции дизајнирани да им помогнат на корисниците да вежбаат во секое време, насекаде; вклучувајќи 97 режими на вежбање, од трчање и возење велосипед, до тренинг со тегови, танцување, игри со топка, зимски спортови и многу повеќе. Има и вграден анимиран фитнес тренер за 7 избрани режими, што нуди аудио инструкции и демонстрации, вклучувајќи загревање, и им олеснува на корисниците да ги вклопат тренинзите во нивната секојдневна рутина и да го следат нивниот напредок.

На тркачите особено ќе им се допадне HUAWEI WATCH FIT 2. Часовникот доаѓа со Running Ability Index (RAI) на Huawei, што ја анализира висината, возраста, тежината, тренингот и трчањето на корисникот за да креира план за трчање на професионално ниво. Податоците потоа автоматски се анализираат и предлозите се приспособуваат врз основа на напредокот на корисникот.

Huawei Watch Fit 2 сега е достапен на македонскиот пазар, во продажната мрежа на Телеком, А1, Нептун и Сетек, по препорачана малопродажна цена од 10.499 денари за моделот со кожно ремче и 9.499 денари за моделот со гумено ремче.



[1]За уреди Huawei со овозможен NFC со EMUI 11.0 или понова верзија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

За да направите филмски хит од секојдневието - истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

За да направите филмски хит од секојдневието - истражете го новиот vivo X80Pro и искористете го периодот за претпорачка

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Поврзувањето и соработката го отвораат патот кон подобро разбирање на себеси со иновациите на Samsung Wellness

Поврзувањето и соработката го отвораат патот кон подобро разбирање на себеси со иновациите на Samsung Wellness

Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“

Петта година по ред се дружиме на официјалниот избор „Мажи на годината“

Првиот говорник на TEDx од Балканот промовиран пред глобална публика од 35 милиони луѓе е од Македонија

Првиот говорник на TEDx од Балканот промовиран пред глобална публика од 35 милиони луѓе е од Македонија

Лојалната програма на Credissimo заштедува пари

Лојалната програма на Credissimo заштедува пари

Намалување на штети: Значењето на овој проект и кои се неговите придобивки?

Намалување на штети: Значењето на овој проект и кои се неговите придобивки?

Детското штедење Халки доби свое лого

Детското штедење Халки доби свое лого

ЕуроникелИндустри единствен во земјава и во регионов со ИСО сертификат за измерена емисија на стакленички гасови

ЕуроникелИндустри единствен во земјава и во регионов со ИСО сертификат за измерена емисија на стакленички гасови