14 Декември, 2025
0.0452

Започнува нов бизнис со електрична енергија во Македонија, виртуелните производители ќе продаваат струја

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022 07:45

Добивај вести на Viber

Од почетокот на оваа и од крајот на минатата недела со работа започнаа виртуелните производители на електрична енергија во земјата, откако операторот на пазарот МЕМО ги запиша првите учесници во регистерот.

РЕС, ЕВН Електроснабдување, ЕДС и Мист Енерџи Еко се компаниите кои отсега ќе може да купуваат електрична енергија од сите производители на струја од обновливи извори (сонце, вода, ветер и биогас) и интегрирано да ја продаваат по стабилна цена  на крајните потрошувачи, кои најчесто би биле компании.

Со впишувањето во регистарот на националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО, според новите правила, виртуелните производители можат да ги остварат првите трансакции.

- Тоа е нов и добар бизнис концепт со кој овие виртуелни производители ќе купуваат електрична енергија од производителите на електрична енергија од обновливи извори  на енергија, кои во овој случај сега не мора да имаат лиценца, и потоа интегрирано од еден центар ќе ја продаваат на крајни потрошувачи, ни изјави добар познавач од бизнисот кој сакаше да остане анонимен во случајов.

Според правилата на пазарот на електрична енергија, овие компании треба да понудат поголеми количини на струја од обновливи извори, со постабилни цени и да бидат еден вид на интегратори. Ќе можат да гарантираат балансна стабилност, нудејќи им на сите сопственици на производни капацитети најдобар и најсигурен откуп на електрична енергија.

Ќе може да понудат повеќе поволности како за крајните потрошувачи, така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Ќе ги интегрираат производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании.

„Виртуелен производител, согласно Закон за енергетика, може на пазарот на електрична енергија да ги претставува производителите коишто се приклучени на електродистрибутивната мрежа. Производителите коишто ќе сакаат да бидат застапувани од виртуелниот производител нема да може да бидат учесници на пазарот на електрична енергија, односно ќе треба да го раскинат договорот за учество на пазарот на електрична енергија. Понатаму, виртуелниот производител комерцијално и технички ќе ги интегрира производителите и за нивно име и сметка ќе ја продава електричната енергија на пазарот“, се вели во дефиницијата на правилата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година