Запленети златни монети, две лица приведени
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2020 11:44
Вчера по добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци.
При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети. Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело Прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани, известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.
Извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци, Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46) од Прилеп. Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани .Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




