26 Април, 2024
0.0285

Запира извршувањето, ама каматите ќе си течат

Објавено во: Економија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Запира извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите, ама нема да запре пресметката на каматата на долгот што го имаат. Фактор разговараше со извршителите кои велат дека досега нема владина уредба која ограничува да не се наплатува затезната камата. Впрочем ова значи дека граѓанте и фирмите кои имале задршки на плати или од сметки по основ на некое извршно решение, за истото до 30 јуни нема да плаќаат, односно банката нема да задржува рата во висина која била договорена, ама тоа нема да значи дека на долгот нема да тече камата. Тоа пак во превод значи дека на кртајот на отплатата на сиот долг, слично како и кај грејс периодот што го дадоа банките, вкупната сума за враќање ќе биде зголемена.

Зоран Димов, претседател на Комората на извршители за Фактор вели дека нема уредба која изрично забранува да се стоприра пресметката на каматата. Сепак ова не го наплатуваат и пресметуваат извршителите туку тоа е обврска на банките кои впрочем и ги прават задршките кога постапуваат по налозите од извршителите.

„Доколку има уредба да не се пресметува секако дека банките ќе почитуваат. Најверојатно до сега нема таква уредба, па каматата ќе тече. Мислам дека имаше некои преговори, но не знам каков е договорот, вели Димов за Фактор.

Инаку тој вели дека во овој период тие не смеат да прават нови извршни дејства освен во некои случаи кои јасно стојат во владината уредба. Старите решенија по основ на кои веќе се задржува од сметките ќе бидат стопирани до 30 јуни. Извршителите велат дека дури и некои од должниците кои немале задршки од плата, а кои самоволно уплатувале по дел од долгот на месечно ниво, сега престанале да го прават тоа. Во овој период, приходите ќе им бидат намалени за над 90 отсто и вели дека ова ќе се одрази на нивната работа.

КАКВА Е УРЕДБАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО?

Според одредбите од оваа Уредба до 30 јуни, извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка. Сите пари кои ќе им дојдат на сметките ќе требад а ги распределат кон компаниите чии се парите односно кон кој бил настанат долгот. Во тоа време треба да примаат барања за извршување но само да ги евидентираат. Можат и да изготвуваат налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и - изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Инаку и работодавачите и ФПИОМ и носителите на платниот промет односно банките се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите.

Во ова време ќе се наплатува законска казнена камата за чија висина Фактор веќе пишуваше.

Односно каматните стапки на банките нема да смеат да бидат повисоки од 5,75 отсто.

Ова произлегува од Уредбата со законска сила што Владата ја усвоила во четвртокот минатата недела, и која веднаш потоа е објавена во Службен весник.

Станува збор за Уредбата со законска сила за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредна состојба

„Стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата). Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата)“, се наведува во Уредбата.

Во неа се додава и дека при пресметката на казнената камата се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка.

„Определената висина на стапката на казнената камата, како и периодот и начинот на пресметка нема да влијае на стапката, перидот и начинот на пресметка на договорната камата во договорите во кои барем едното лице не е трговец, склучени пред влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила. Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во ‚Службен весник‚“, се вели во Уредбата. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката