14 Декември, 2025
0.0470

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

Објавено во: Финансии 12 Септември, 2024 10:14

Добивај вести на Viber

Домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и е отпорен на шокови. Амбиентот  во 2023 година беше поповолен, со постепено забавување на инфлацијата, но и забавен економски раст, како и неизвесности и ризици од окружувањето.

Ова се главните заклучоци од извештајот за финансиска стабилност на Советот на Народната банка за 2023 година. 

Банкарскиот сектор ги задржа стабилноста и сигурноста во работењето, со подобрена солвентност, којашто е на највисоко ниво во последните 17 години, солидна ликвидност и добар квалитет на кредитното портфолио. Годинашниот макрострес-тест покажа висок степен на отпорност на домашниот банкарски систем на претпоставените шокови од макроекономското и макрофинансиското опкружување. Макропрудентните мерки што Народната банка ги донесе во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот имаа значителен придонес за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор - се нагласува во соопштението испратено од Народна банка. 

Додаваат дека поради поповолните движења на пазарите на капитал во 2023 година приватните пензиски фондови и инвестициските фондови успеаја да  остварат солидни годишни стапки на принос, а исто така и осигурителниот сектор оствари подобар финансиски резултат и ја задржа високата солвентност којашто е неколкукратно повисока од минималната пропишана со регулативата од оваа област. 

- Ризиците од нефинансискиот сектор се умерени, со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и на ниската стапка на нефункционални кредити. Сепак, потребна е внимателност и претпазливо управување со долгот, за да се обезбеди неговата одржливост и во следниот период - стои во соопштението и се заклучува дека домаќинствата и натаму се со умерено и стабилно ниво на задолженост, додека долгот на корпоративниот сектор (мерен преку неговото учество во БДП) е малку повисок.

Во Извештајот се наведува дека, домашниот банкарски сектор е изложен на физичките и транзициските ризици поврзани со климатските промени, поради кредитната изложеност на банките кон подрачјата со висок степен на ризичност во однос на природните непогоди и клиентите во дејностите со високи емисии на стакленички гасови, како што се енергоинтензивните дејности и дејностите коишто зависат од фосилни горива.

- Окружувањето и натаму е неизвесно и упатува на ризици за следниот период, коишто главно се поврзуваат со можната ескалација на геополитичките тензии и нивното прелевање во глобалната, а посредно и во домашната економија, којашто како мала и отворена, е силно изложена на надворешните шокови. Исто така, евентуалното подолго задржување на заострените финансиски услови би можело неповолно да се одрази врз одржливоста на долгот, со преносни ефекти врз билансите на финансиските институции - стои во соопштението.

Потоа нагласуваат дека ваквите состојби упатуваат на потребата од натамошна внимателност од страна на финансиските институции и при водењето на макропрудентните политики, како поддршка за задржувањето на финансиската стабилност и во следниот период. 

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари