08 Мај, 2024
0.0467

ЗАОСТАНУВАМЕ ЗАД ЕВРОПЈАНИТЕ: Младите кај нив се осамостојуваат најдоцна до 25 години, кај нас и после 30 се со родителите

Објавено во: Македонија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Mладите Македонци тешко се осамостојуваат, а дека е така потврдуваат и податоците од Евростат. Но, во повеќето европски земји се случува обратното.

Во земјава младите се двојат од родителите нa 32 години, a во Франција на 23 години. До 24 години и младите во Германија почнуваат да живеат самостојно. Во Естонија младите се осамостојуваат на 22,7 години, во Холандија на 23 години, во Велика Британија на 24,6 години, во Литванија на 24,7 години. Повеќе фактори придонесуваат младите во земјава тешко да се осамостојат.

„Број еден е традицијата, број два културата, број три финансиите. Нашите млади не се способни да егзистираат сами, не се во можност. Во Германија дури и малолетник може да работи и пензионери можат и овде може, ама на црно. Децата кај нас не се самостојни. И на 40 години сè уште се под чадор на родителите“, рече Драги Илиев од Здружението за македонско – германско пријателство.

Тој престојувал во Германија, а воедно сега планира и да се исели во оваа европска земја.  Вели дека треба да се смени начинот на функционирање во државата за да можат младите порано да застанат на свои нозе. Да им се даде шанса на квалитетните и да се носат одлуки во интерес на младите.

Многу треба да се менува менталитетот кај нас. Кога ќе се стимулираат младите е лесно. И моите деца со мене работеа, со сопругата, но цел профит им го давав и тие гледаа интерес и тоа ги мотивираше да работат. Во Германија иако таткото има фабрика, синот ќе почне од најниска позиција. Ние овде имаме синдром на самоуништување“, вели Илиев.

Во регионот, состојбата е слична како и во Македонија.

„Најважен фактор е тоа што младите се одлучуваат за кариера, да го комплетираат процесот на образование, па потоа да бараат работа и да почнат самостоен живот. Доцна се појавуваат на пазарот на труд, доцна се вработуваат и доцна почнуваат со самостоен живот, односно да обезбедат примања за да живеат сами. И традицијата си има улога. Последниве две – три години значително се променети работите со младинската невработеност, се бара работна сила, а се намалува невработеноста кај младите луѓе. Високите цени на недвижностите, си имаат своја улога во тоа осамостојување. Во ЕУ, Хрватите доцна го напуштаат домот на родителите. Мислам дека како регион го имаме тоа како традиција од заедничката бивша држава“, рече Методија Стојчески, претседател на Младински сојуз Крушево.

Во Хрватска, младите го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, во Србија на 31,4 години, а во Црна Гора на 33,3 години.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат