06 Мај, 2024
0.0249

Замина и Ставревски – без секој се може!?

Објавено во: Економија, Колумни 21 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Без секого се може!  Ова уверување е иманентно на неолибералната, капиталистичка логика и секој од нас или се сретнал или би се сретнал, многу веројатно, барем еднаш во својот живот. Но ова „одвратно“ третирање на човекот единствено како средство може да биде прифатливо само во една смисла. Имено, дека секој поединец е вреден! И дека токму заради неговата величина, кога тој заминува зад себе остава стотина што ги направил способни да го заменат. Се може без него, но само и единствено затоа што зад себе оставил подобри од себе. Заминал и можеме без него само заради тоа што ни оставил поединци – ученици, кои го надминале својот учител. Но, таквите се морални величини за кои оставањето на подобри зад себе им е единствено вредниот животен повик. Секое друго интерпретирање на оваа синтагма „без секого се може“ е унижување на поединецот во средство за некоја друга, „виша“ цел. Во таков случај, не можете да очекувате и никаква одговорност од поединецот, оти тој е само „маша“, дел кој исполнува функција во целината. Во конкретните случаи на менување на нашите министри, нивно заминување од „здравствени причини“, го видовме токму тоа – дека без секого се може и дека „вишата“ цел ќе продолжи да се реализира и со нив и без нив. Во таков случај, етичкото целосно е деградирано како „вишок“, како непотребност, како бреме што пречи во реализацијата на „вишата“ цел. Затоа до сега, јас не се сеќавам никој во овие 25 години независност да си заминал од функцијата од етички разлози и тоа самиот, пред себе си да си го признал и да не можел да се носи со тоа бреме. Да почувствувал и демонстрирал одговорност. И искрено, искрено тоа да го „исповедал“ преку својата оставка, преку повлекување од својата функција. Видете, јас во принцип не почитувам некои „вредности“ кои неолибералната логика ги третира и почитува како „вредности“. Како на пример, „професионалноста“? Што значи тоа? Толку се инсистира на професионалноста, се инсистира до мера на исклучување на човечноста и особено личноста. И токму затоа многу често работодавците, шефовите или директорите кога ги отпуштаат или малтретираат своите подредени посегнуваат по синтагмата „ништо лично, чисто професионално“! Која шизофренија! Како професионалното да е над личното!? Демек ништо лично! Напротив, сè е лично, ништо не е професионално! Мене, дури и некои општо прифатени „вредности“ кои денес се бараат од поединецот ми се сомнителни, како на пример, „умот“, умноста или интелегенцијата на поединецот, или неговата наобразба, „начитаност“. Повторно, што значи тоа без морална вертикала? Тоа значи само ослободеност од бремето на етичкото за да ја употребите таа моќна алатка – разумот – во целосно неетички цели. А, на крајот на краиштата, сите овие „вредности“ се нешто што се учи, или уште полошо - се тренира. (Денеска немате учители, сите се тренери. Веројатно скоро дури и овој поим „тренери“, ќе се редуцира до „дресери“).Па токму тоа прават во денешните „економски“ школи – ве учат на „професионалност“, на „умност“, „снаодливост“... целосно ослободувајќи ве од баластот на етичкото. Драги мои, во животот сум се среќавал и повеќе сум почитувал луѓе и помалку учени од Ставревски и помалку умни, а далеку подоблесни. Страшни морални величини. И токму тоа отсекогаш ме восхитувало. Мене не може да ми изнуди восхит „наобразбата“, „ученоста“, особено не „професионалноста“, оти со малку повеќе упорност, мотив и дисциплинираност, ќе го стекнете тоа за релативно кратко време, но доблесноста - е тоа, тоа бара далеку посилен и поцелосен, пред сè личносен пресврт. Затоа, политиката нужно мора да остане врзана примарно со етиката, а после со сите останати доблести – професионалност, знаења, ум... Не бадијала Платон бараше со политика да се занимаваат поединци над 40 години, кога веќе имаат изграден етос, изграден карактер. Без тоа, политиката останува само „tehne“, форма во која може да ставате разно-разни проекти, и проектчиња,  да се качувате на листата на Doingbusiness, да манипулирате со бројки... а во исто време да останете бескрајно арогантен, безмилосен, груб и суетен, додека на „измеќарката“ пред камери и наредувате да го „тргне шишето од масата“... „и чашата“. Конечно, не можете да учествувате во изградување на полисот (заедницата), да се занимавате со политика без таа етичка претпоставка, од едноставна причина што политичкото во својата суштина е проекција на етичкото врз заедницата. Заедницата е формирана како етичка категорија. Заедничарењето е етичка категорија par excellence! Но, тоа е неразбирлива музука за ушите нанашата бескрајно самобендисана политичка елита. Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот