24 Октомври, 2024
0.0283

Замина еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во државава, прим. д-р Илија Антоновски

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија го загуби примариус д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија. Антоновски беше роден во 1942 година во Прилеп, и почина по кратко боледување. 

Високото образование го имаше стекнато на Медицинскиот факултет во Белград, како првенец на генерацијата. Тој беше вториот лекар во Македонија, кој по ослободувањето има остварено специјализација по медицинска биохемија.

По стекнатото искуство ширум просторите на поранешна Југославија, Антоновски во целост се имаше посветено на здравствениот систем во Македонија, остварувајќи значаен придонес во развивањето на современата медицинска биохемија со примена на современите методи во македонското здравство. Најголемиот дел од работниот век, по сопствена желба, д-р Антоновски го мина во родниот град каде што долг период беше и раководител на лабораторијата на Медицинскиот центар. Потоа, во самостојна Македонија, Антоновски беше основач, сопственик и раководител на една од првите приватни медицински установи во државата – „Медика“, воедно една и од првите приватни установи што овозможуваа здравствени услуги со договор со Фондот за здравствeно осигурување.

Д-р Антоновски е автор на голем број научни и стручни трудови, како и на учебници од областа на медицинската биохемија. Беше и професор во средното медицинско училиште во Прилеп.

Тој беше член на Македонското лекарско друштво, при што во текот на работниот век особено се залагаше за активностите во неговиот роден град – Прилеп.

Погребот на д-р Антоновски е закажан за утре, 22 јуни 2024 година (сабота), во Прилеп. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на новите градски гробишта во Прилеп, од 9:30 до 10:30 часот.

Фото: Принтскрин/Х

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра