Закрепнува Иле Стрезоски кој доби срце од почината Верица Белчовска
Објавено во: Македонија 19 Април, 2021 18:54
Иле Стрезоски од Брвеница кој доби срце од почината девојка Верица Белчовска од Берово, се чувствува добро и полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска го посети и објави фотографија на својот Фејбук профил. Починатата Белчовска (20) е донорот на срце за ова младо момче. Таа почина откако 18 годишен возач ја прегази на пешачки премин во Струмица.
„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство", напиша Филипче на Фејсбук.
Филипче, денеска имаше средба со семејството на Верица Белчовска, кое одлучи да ги дарува органите на прерано починатата девојка, со што се спасени неколку животи.
Општина Берово, како што соопшти градоначалникот Звонко Пекевски, ќе преземе мерки, со цел на семејството на Верица да му се пружи најголемата институционална поддршка.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




