14 Декември, 2025
0.0580

„ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗАБРАНУВА ВЕРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА“: Уставен суд ја укина Одлуката на Владата

Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 14:50

Добивај вести на Viber

Уставниот суд ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово, која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.

Судот оцени дека Одлука на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, дозвола Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште - гимназија.  

- Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта. 

Исто така содржината на Одлуката не е во согласност со Амандманот VII од Уставот според кој  верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија - се наведува во соопштението од Уставниот суд.

Според судијата-известител Ана Павловска-Данева, Уставниот суд со својата одлука донесена со мнозинство гласови и овој пат, како и во повеќе наврати претходно со своите одлуки донесени во различни судиски состави, застана на браникот на секуларноста на државата.

- Уставниот суд ја укина Одлуката на Владата на РСМ донесена на 26 март 2024 година со која е одибрено основање на Приватно средно училиште „Медреса Иса Беј" со образложение дека согласно амандманот VII точка 2 од Уставот е утврдено дека МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основање верски училишта и социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. 

Ниту Уставот, ниту пак било кој закон во државата не допушта и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на верска заедница или религиозна група. Оттука, Уставниот суд одлучи дека Владата во март 2024 година донела противзаконска и неуставна одлука и истата ја укина - посочува во писмена изјава Павловска-Данева.

Судот ги прифати како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина